Регион
Вујановиќ: Власта во Црна Гора не функционира

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ оценил дека „системот на власт“ во Црна Гора не функционира, илустрирајќи го ова со примерот на неодаменшното неусвојување на владините предлози во парламентот за издадавањето на атрактивни локации на приморјето под закуп.
„Црна Гора покажа неодговорност и им испрати лоша порака на инвеститорите со неусвојувањето на предлогот за инвестициите за Мамула и Краљичина плажа“, рекол Вујановиќ, оценувајќи дека неусвојувањето на владините предлози во собранието е показател дкеа системот на власт во Црна Гора не функционира.
Собранието на Црна Гора во петокот го одби владиниот предлог договор за „Краљичина плажа“, кој предвидува изградба на апартмани, како и издавање под закуп на островот Ластовица со тврдината Мамула.
Против овие владини предлози се изјасниле пратениците на владејачката Социјалдемократска партија на Црна Гора. Владини партнери во овие зделки требаше да бидат грчката фирма „Адриатик пропертис“ и швајцарската „Ораском“.
„Како држава, мораме да имаме сериозен и одговорен однос кон инвеститорите и инвестициите, како и еднакво сериозен и одговорен однос кон договорите кои ги потпишуваме“, рекол црногорскиот претседател.
Според него, државата не ги испочитувала договорите кои ги потпишала со инвеститорите и на тој начин го изгубила кредибилитетот. Партнерите во владината коалиција веќе подолго време имаат различни гледишта околу важни прашања, поради што извршната власт е во криза, а владата честа останува без поддршката од парламентот за своите предлози./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.