Црна хроника
Заврши распитот на заштитениот сведок за случајот Монструм
Заврши распитот на заштитениот сведок кој во присуство на обвинетите и нивните бранители даваше исказ до доцна навечер во петокот во скопскиот Основниот суд 1.
„Откако сведокот доби статус на загрозен со него се преземаат мерки од септември, а тоа е идентификација на лица по фотографии“, изјави истражниот судија, Владимир Туфегџиќ.
Не е познато дали сведокот е директен очевидец на петкратното убиство на Смилковското езеро, а неговиот исказ не смее да биде пренесен во јавноста.
Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, не даде изјава за медиумите, бидејќи од судот тоа не му било дозволено.
Сведокот бил сослушуван во друга просторија, неговиот глас бил мутиран, а ликот заматен, бидејќи ова сведочење може да го изложи на опасност.
Претходниот заштитен сведок во истрагат за случајот „Монструм“, Хаки Хазири, побара да му го одземат статусот на сведок и сега е осомничен за помагање во тероризам.
Исрагата за овој случај во кој беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж на 12-ти април годинава, треба да заврши до крајот на октомври и на 27-ми октомври треба да биде покренато обвинение.
Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.
Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство. /крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

