Спорт
Руни: Мој соиграч живее во социјален стан, намалувањето на платата ќе го „утепа“
Поранешниот англиски капитен Вејн Руни го нападна министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок кој посочи дека фудбалерите од Премиер лигата треба да добијат скратување на платата, велејќи дека еден негов соиграч од Дерби каунти живее во социјален стан со неговата мајка.
Хенкок и дел од британската јавност сметаат дека фудбалските ѕвезди мораат да прифатат барем 30 отсто помала плата, по што според британските медиуми дел од фудбалерите ветија дека ќе дадат директна помош на здравствениот систем наместо да ги богатат своите газди милијардери.
Руни, кој е легенда на Манчестер јунајтед, во интервју за „Тајмс“ вели дека е срамотен притисокот кој се прави на фудбалерите.
„Јас сум подготвен да добијам намалување на платата или директно да ги помогнам здравствените работници, но јас не сум секој фудбалер. Имам 34 години, имав долга кариера и добро заработував и можам да се откажам од нешто. Но, сите фудбалери не се такви. Зошто фудбалерите да бидат жртвени јагниња. Ова е срамота што се прави, а министерот за здравство мисли на фудбалерите. Лично, немам проблем да дадам и повеќе, но некои не смеат да си дозволат ниту 5 отсто помала плата“, вели Руни.
Тој посочи на негов млад соиграч од Дерби, кој дефинитивно не може да си дозволи помала плата.
„Имаме еден фудбалер кој живее со својата мајка во социјален стан, кој сигурно ги плаќа сметките на своето семејство. Тој е фудбалер кој се соочува со истите прилики како и обичните луѓе. Млад е и немаше време да заработи многу. Што правиме со него? 30 отсто од 2.000 фунти кои ги добива ќе го чини 600 фунти и тоа може да биде клучно. Фудбалерите имаат кратика кариера и мораат да штедат бидејќи некои на 35 години се пензионираат“, објаснува Руни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

