Македонија
Владата има сценарија и за построги мерки во ограничување на движењето
Владата има разработени сценарија со мерки кои се повеќе рестриктивни од досега воведените, а доколку се наметне потреба, ќе се активираат. Ова го соопшти премиерот Спасовски, кој повика на одговорност од страна на секој поединец. Според него, најголем патриотизам во овој период е да се почитуваат мерките донесени од Владата.
„Има разработени сценарија и може да имаме уште мерки што ќе бидат воведени. Повикувам граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали ќе воведеме нови мерки. Колку поодговорни ќе бидеме, толку полесни мерки ќе имаме, но и помалку негативни ефекти. Во зависност од тоа како ќе се однесуваат граѓаните, колку ќе ги почитуваат досегашните мерки, толку повеќе мерките ќе бидат намалени или зајакнати. Ако некој граѓанин мора да биде во самоизолација, нека биде во самоизолација. Ако се определи ограничување во движењето, нека се почитува, тоа е најголем патриотизам во овој период. Секој сет нови мерки нека биде за подигнување на јавната свест“, посочи Спасовски.
Според него, забраната за движење во викендите треба да го спречи одењето на излетнички места, како што се случувало досега.
„Во однос на тоа дека се движат луѓе во излетнички места, затоа се зголемува забраната за движење. Во текот на викендот ќе имаме забрана за движење во сите градови. Одговорноста на граѓаните не беше на висината на задачата. Многу лесно се преминуваше преку препораките. Јас посакувам овие мерки да ги дадат ефектите“, додаде Спасовски.
Министерот Венко Филипче вели дека поради празниците и сончевото време во идниот период, морало да се постапи на овој начин и Владата да одлучи да воведе нови забрани за движење.
„Со оглед на тоа што епидемијата ги смени текот и динамика на одвивање на работите, токму затоа Владата донесе мерки. Беше забележливо дека и досега во една фаза граѓаните не ги почитуваат мерките. Имаме факт дека идат убаво време и празници, па затоа се предложија овие мерки за дополнителна рестрикција на движењето. Свесни сме дека социјалната дистанца не е во природата на човекот, но тоа ни е најпотребно во интерес на колективното здравје“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

