Македонија
МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос
Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.
Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години – 12 месеци.
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето-плата по работник во Републиката објавена за последниот месец.
Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

