Свет
Руски дипломат ја критикува неподготвеноста на САД да ги олеснат санкциите за Иран
САД демонстрираат непрагматичен пристап кога одбиваат да ги олеснат санкциите против Иран во услови на пандемијата со коронавирус, изјави постојаниот руски претставник во Меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, пренесува ТАСС.
„САД не се подготвени да размислат за олеснување на санкциите за Иран. Да ги оставиме настрана хуманитарните мотиви. Во секој случај, ова не е прагматично имајќи предвид дека Ковид-19 може да се прелее во соседните земји и да влијае на 70.000 американски војници во регионот и на многу американски цивили“, рече рускиот дипломат во објавата на „Твитер“.
Иранските власти во неколку наврати рекоа дека санкциите на Вашингтон против Иран ги спречуваат напорите за контролирање на вирусот. Според Техеран, американските санкции го спречуваат Иран да увезува хуманитарни добра, како храна и лекови.
Според последните извештаи, вкупниот број на нови пациенти со коронавирус во Иран достигна 60.000, со вкупно 3.739 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Силен земјотрес ја погоди Грција, луѓето на плажите во паника
Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција.
Според првата снимка на Геодинамичкиот институт во Атина, земјотресот се случил во 20:34 часот, а неговиот епицентар се наоѓа на 10 километри југозападно од Андравида.
Фокусната длабочина на земјотресот била 14,1 км.
Потресот особено бил почувствуван во Илија, Ахаја и Закинтос.
Корисниците на социјалната мрежа „Х“ коментираат дека тресењето било толку силно, што било забележливо дури и на плажите.
„Некаде таму имаше 4.8 пред малку. Добро го слушнавме на плажата каде што сме“
Κάπου εκεί μέσα έκανε 4,8R πριν από λίγη ώρα. Τον ακούσαμε καλά και στην παραλία που είμαστε.#Σεισμος #Ηλεια #Κυλληνη pic.twitter.com/eNcjIRBQwb
— Romanos 🇬🇷 (@Mead_KDA) July 6, 2024
„Се слушна и на плажата во Пиргос…#земјотрес“
Ακούστηκε και στην παραλία στον Πύργο…#σεισμος
— Legian (@Legian28101878) July 6, 2024
„4.9 на плажата Вартоломеј во фокусот…“
4.9 στην παραλία του Βαρθολομιού το επίκεντρο…#σεισμος
— Chris Pro (@Chris__Pro) July 6, 2024
Засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Руски напад остави без струја над 100 илјади луѓе во Украина
Поради рускиот напад на енергетска централа во Украина денеска, 100.000 луѓе останаа без струја во северозападниот регион Суми.
Во тек е работа на обновување на снабдувањето со електрична енергија, објави националната компанија за дистрибуција на електрична енергија Укренерго, пренесе Би-би-си.
Преживеаните палестински затвореници тврдат дека Израелците прво…
Поради руските удари, дошло до итно исклучување на потрошувачите во регионот Суми и истоимениот град, кој граничи со Русија.
Засега нема информации за жртви или ранети, ниту за големината на материјалната штета.
Русија продолжува да ги таргетира енергетските капацитети низ Украина, често оставајќи ги потрошувачите без струја и вода за пиење.
За само три месеци Украина загуби девет гигавати производствен капацитет поради непријателски дејствија, објави Укренерго.
Ова е нешто повеќе од една третина од капацитетот што Украина го имаше пред почетокот на војната со Русија.
Полска го пренесува својот вишок електрична енергија во Украина за да и помогне да ја надмине кризата предизвикана од руските напади.
Во меѓувреме, украинската противвоздушна одбрана собори 24 од 27 беспилотни летала камикази од типот Шахед испратени од Русија во текот на изминатиот ден, објави командата на украинските воздухопловни сили.
Беспилотните летала беа пресретнати на повеќе области, вклучувајќи го и регионот Шуми, со употреба на електронско заглавување и противвоздушна одбрана, пренесува Танјуг.
Свет
Преживеаните палестински затвореници тврдат дека Израелците прво ги ослободиле, а потоа фрлале бомби врз нив
Преживеаните палестински затвореници во Газа сведочеа дека набрзо откако биле ослободени од израелски притвор, израелските сили фрлиле бомби врз нив, при што загинале голем број луѓе.
Фарид Собх во видео-сведочењето рече дека бил приведен со околу 15 Палестинци.
“По четири дена во притвор, бевме ослободени. Ни беа врзани лисици и очи. Израелските војници постојано не мачеа. Дури и уринираа врз нас. Ме тепаа, ме клоцаа и ме тепаа цела”, рече тој.
Собх рече дека после тоа биле ослободени и дека кога тргнале на пат, фрлиле гранати кон нив и испукале ракета со дрон.
„Некои (седум) мои луѓе беа убиени. Избегав и за чудо преживеав. Дојдов во оваа болница (Насер во Кан Јунис) за да ги проверам повредите што ги добив“, рече тој.
Махмуд Абу Таха, уште еден преживеан, ги потврди наводите на Собх, пренесува Танјуг.