Спорт
Милер го продолжил договорот
Баерн Минхен, во вторникот,објави дека клубот го продолжил договорот со Томас Милер. Германскиот репрезентативец целата кариера ја минува во клубот Минхен.
Милер е продукт на академијата на Баерн. За првиот тим дебитирал на 15 август 2008 година кога одиграл една минута на натпреварот против ХСВ. Првиот професионален договор со Баерн го потпишал во февруари 2009 година.
Досега за Баерн одиграл 556 натпревари на кои постигнал 211 голови.
Милер (30) и Баерн ја продолжиле соработката до 30 јуни 2023 година.
#Müllered2023 ✍ pic.twitter.com/Tqecbuv6FW
— FC Bayern München (@FCBayern) April 7, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер јунајтед ја следи ситуацијата со Карем Адејеми
Иднината на германскиот напаѓач Карим Адејеми во Борусија Дортмунд е под знак прашалник, а според германските медиуми, Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата. Главната причина за неизвесноста е нарушениот однос меѓу 23-годишникот и тренерот Нико Ковач, што би можело да го забрза неговото заминување од клубот, пишува „Дејли Мејл“.
Проблемите се натрупуваат за младиот напаѓач и на теренот и надвор од него. Адејеми не постигнал гол, ниту асистенција од крајот на септември, а тензиите со хрватскиот тренер Нико Ковач кулминираа во јавена расправа.
Инцидентот се случи на 25 октомври за време на победата од 1:0 против Келн, кога Адејеми фрли шише со вода кон клупата додека го напушташе теренот. Ковач јавно го осуди таквото однесување.
Фрустрациите продолжија и во текот на викендот во драматичното реми со Хамбург (1:1), кога Ковач беше видливо незадоволен од одлуките на Адејеми на теренот, поради што го замени во 66-та минута.
Според „Билд“, шпекулациите за иднината на Адејеми веќе се започнати. Иако неговиот договор истекува во 2027 година, неговиот тим инсистира на долгорочно продолжување кое би вклучувало клаузула за откуп проценета на околу 80 милиони евра.
Клучна улога во евентуален трансфер би можел да игра супер агентот Жорге Мендес, кого Адејеми неодамна го ангажираше. Мендес има одлични односи со раководството на „Олд Трафорд“, каде што веќе посредуваше за доаѓањето на Лени Јоро и Мануел Угарте.
На 121 настап за тимот од Дортмунд, Адејеми постигна 29 гола и запиша 22 асистенции.
Спорт
Среде сезона Рафа Силва реши да се пензионира
Португалскиот репрезентативец, играч на бешикташ, Рафа Силва, реши среде сезоната да стави крај на кариерата. Одлуката на 32-годишникот ги шокира сите во клубот.
„Имам голема почит кон тренерот, но донесов одлука и таа нема да се промени“, додаде Португалецот откако главниот координатор на Бешикташ, Серкан Рехбер, и тренерот Серген Јалчин, побараа средба со него.
Рафа Силва има договор со Бешикташ до 2027 година. Клубот не се откажува од него, апоред турските медиуми го очекува состанок и со претседателот на Бешикташ, Сердал Адали.
Клупските челници соочени со можноста Силва да го напушти фудбалот, ја спомена клаузулата дека „доколку не се врати на теренот, мора да плати отштета“ во случај на еднострано да го раскине договорот.
Рафа Силва постигна 23 гола и забележа 16 асистенции во 65 настапи за „Црните орли“, претходно играше за Бенфика и Брага.
Спорт
Два клуба сериозно заинтересирани за Левандовски
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) изјави дека не брза да го продолжи договорот со Барселона, кој истекува во јуни 2026 година. По оваа изјава, веднаш започнаа шпекулациите околу неговата иднина.
Два клуба веќе се издвоија како потенцијални нови дестинации, Фенербахче и Милан, пишуваат шпанските медиуми.
Според информациите на новинарот Серџан Хамзаоглу, турскиот гигант, засега, индиректно прашува за условите под кои Левандовски би можел да пристигне во Истанбул. Тие наводно размислуваат за продажба на Јусеф Ен-Несири, кој сонува да оди во Саудиска Арабија, за да ослободат простор и средства.
Извори блиски до клубот тврдат дека Фенербахче би можел да му понуди 18-месечен договор, почнувајќи уште од овој јануари и завршувајќи во јуни 2027 година. Сè уште не се преземени официјални чекори за да не се наруши мирот во тимот на клубот кој беше 28 пати шампион на Турција.
Од друга страна, новинарот Саша Таволиери за „Скај Спорт Италија“ носи сторија за интересот на Милан. Италијанскиот клуб размислува за Левандовски како засилување за следната сезона, кога би пристигнал како слободен играч по завршувањето на договорот со Барселона.
Таволиери наведува и конкретни чекори. Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, наскоро треба да се сретне со агентот на полскиот напаѓач Пини Захави за да разговараат за финансиските услови на договорот.
Минатата сезона, Левандовски постигна 42 гола на 52 натпревари, а во својата кариера повеќе од 700 од нив играјќи за полската репрезентација (87 гола), Баерн (344), Борусија Дортмунд (103), Барселона (105)… Во девет лигашки натпревари оваа сезона, тој постигна седум гола.

