Македонија
Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа година, за средношколците ширум државата. Според него, сите опции се во игра, од пролонгирање до откажување на матурата.
Разгледувањето на прашањето за државната матура следува откако средношколци покренаа петиција за целосно откажување на државната матура.
„На повеќе наврати сме истакнале дека ја следиме ситуацијата и околностите, како и состојбата со која се соочуваме. Сите опции се на маса. Во повеќе наврати ова прашање е дискутирано и на седница на Владата, но и во главниот координативен кризен штаб. Нема простор за грижа, бидејќи секоја наша одлука, која ќе ја донесеме, ќе биде во насока на најдобриот интерес на нашите ученици. Никој нема да биде оштетен. Треба да се направат дополнителни анализи со сите предизвици кои се соочуваат и прашањето на државната матура. Се дискутира и сите опции се на маса, како опцијата за пролонгирање на државната матура, но и опцијата за укинување на државната матура. Водејќи се од интересите на нашите ученици, ќе одлучиме“, рече Адеми.
Онлајн петицијата досега ја потпишале над 7.500 лица. Со неа се наведува дека се бара целосно откажување на матурата поради вонредната состојба и коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.