Спорт
Даглас Коста им делеше помош на сиромашните во Бразил (фото)

Бразилскиот фудбалер Даглас Коста кој е актуелен фудбалер на италијански Јувентус одлучи со мајка му и неговата девојка да им помогнат на сиромашните соседи во татковината.
Коста кој неодамна од Италија се врати во Бразил за да биде со семејството го наполни автомобилот со разни артикли и по улица им делеше помош на најсиромашните.
„Сред оваа збрка, се поголема е желбата да им се помогне на останатите“ – напиша 29-годишниот офанзивец на Инстаграм.
Инаку се погласни се шпекулациите дека тој ова лето ќе го напушти Торино и ќе ја побара својата шанса во друг клуб.
Во Бразил досега коронавирусот зарази околу 14.000 луѓе, а над 700 ја загубија битката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Брутална партија на Јокиќ, Гордон херој, Холмгрен трагичар

Кошаркарите на Денвер Нагетс, во спектакуларен натпревар, се вратија по негативата од 14 поени и ги победија Оклахома Сити Тандер со 121:119 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.
Херои на Нагетсите, во победата во Оклахома се Никола Јокиќ и Арон Гордон. Јокиќ одигра брутален натпревар, постигнува 42 поени, со 22 скока и шест асистенции, а Гордон на помалку од три секунди до крајот постигна тројка за победа.
Денвер имаше негатива во речиси целиот натпревар, на полувреме Оклахома водеше со 10 поени, во третиот период предноста измесуваше 82:68, а во последниот период Тандер влегоа со 90:85.
Трагичар на Оклахома е Чет Холмгрен кој ги промаши двете слободни фрлања за при резултат 119:118 на девет и пол секунди до крајот. Потоа следеше напад на Денвер, кој со тројка го заврши Гордон.
AARON GORDON 3 FOR THE WIN!!!@nuggets take Game 1 in a THRILLER 🤯 pic.twitter.com/fxV2ReRPZA
— NBA (@NBA) May 6, 2025
Покрај Јокиќ, најефикасен меѓу победниците беше „меч-винерот“ Гордон. Тој го заврши дуелот со 22 поени (7/15 од поле) и 14 скока, додека Џамал Мареј постигна 21 поен, Расел Вестбрук постигна 18 поени, а Кристијан Браун имаше 11.
Кај Оклахома, најдобар со 33 поени беше Шеј Гилгес-Александар (12/26 од поле, 7/9 пенали). Канадскиот бек имаше и 10 скока и 8 асистенции. Алекс Карузо беше одличен со 20 поени, а Џејлен Вилијамс додаде 16.
Спорт
(Видео) Ветеранот Стуани ја однесе Џирона во безбедната зона

Фудбалерите на Џирона ја победија Мајорка во 34-то коло од Ла Лига со 1:0 и освоија три вредни бода во борбата за опстанок.
Тимот од Каталонија успеа да слави со голот на искусниот Стуани и да направи разлика од шест бода во споредба со зоната за испаѓање.
Стуани ја искористи првата можност на натпреварот, во 10.минута и го постигна голот што се покажа како единствен на натпреварот.
Проблемот на Мајорка беше што воопшто не можеа да го погодат голот. За 90 минути, тие шутираа вкупно девет пати, топката само еднаш одеше во рамката на голот.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по подоглго време доби шанса, и тоа минимална, влезе на теренот во 87.минута, на местото на стрелецот Стуани.
Жирона ја прекина серијата од 11 натпревари без победа. Нивниот последен триумф беше пред три месеци против Лас Палмас. Од друга страна, Мајорка се мачи да постигнува голови. Тие не постигнале гол во претходните три натпревари, а освоија само еден бод.
Џирона моментално е 15-та и има 38 бода, додека Мајорка е десетта со 44 бода, исто колку и Рајо Ваљекано.
Спорт
(Видео) Нотингем избегна пораз во Лондон, остана во трката за место во ЛШ

Фудбалерите на Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено 1:1 во последниот натпревар од 35. коло од Премиер лигата.
Натпреварот заврши без победник, а конечниот резултат беше 1:1.
Кристал Палас поведе во 60. минута кога Езе постигна гол, а Форест израмни само четири минути подоцна преку Муриљо.
Форест со овој бод останаа во трката за пласман во Лигата на шампионите, на пестото место имаат 61 бод, два помалку од Њукасл и Челси и три од Манчестер сити.
Кристал Палас се 12. на табелата со 45 бода.