Свет
(Видео) Младите сурфаат на брановите и покрај пандемијата на коронавирус

И покрај повиците на експертите сите да останат дома за време на пандемијата за да се заштитат од коронавирусот, млади сурфери се собраа на плажите во Рио де Жанеиро за да ги фатат брановите, пренесува „Њујорк пост“.
Поради ова, многу љубители на спортот на вода ќе мора законски да одговараат, а еден од нив е Гулерме Фарија (22), кој сурфал на плажата Копакабана кога полицаец со свирење го извлекол од водата. Наскоро бил приведен во станицата.
„За жал, сурфањето сега е кривично дело. Се надевам дека нема да добијам кривична пријава за оваа глупост“, рече тој.
Неколку часови подоцна, дури и со закана од парична казна, Гулерме продолжил да сурфа со своите пријатели.
Но, младиот сурфер не е единствениот кој ги игнорира апелите на експертите. Илјадници други жители на Рио кои уживаат во спорт на отворено продолжиле да џогираат, да возат велосипед или да шетаат.
„Њујорк пост“ пренесува дека шеталиштето на градскиот брег е полно со луѓе кои се шетаат додека групи велосипедисти возат по градските патишта што стигнуваат до планината.
Уште на 17 март градските и државните службеници ги повикаа граѓаните да останат дома, затворајќи ги плажите и градските паркови сè додека не стивне пандемијата на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ги погоди Филипини

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Филипинскте Острови, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука ГФЗ.
Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета.
Регион
Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денеска во врска со безбедносната состојба во регионот изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и изрази уверување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како пред 30 години.
„Со големо внимание ги следиме сите политички настани, не само во Босна и Херцеговина, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека ги следат и меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации“, изјави Анушиќ за новинарите во Книн, објави Хрватската радио и телевизија.
Тој изрази уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развива како пред 25 или 30 години, но дека ќе биде „контролирана и нема да оди во несакана насока“.
На новинарско прашање за настаните во Босна и Херцеговина, Анушиќ рече дека се надева дека нема да има ескалација.
Свет
Ердоган: Турција е еден од епицентрите на „мировната дипломатија“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мирната дипломатија“.
На состанокот на парламентарната група на неговата Партија, Ергодан рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и други различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јави Анадолија.
„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган, пренесува Танјуг.