Контакт

Регион

Ердоган ја одби оставката на министерот за внатрешни работи

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, одби да ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, неколку часа откако тој ја објави својата одлука.

dobivaj vesti na viber

Сојлу поднесе оставка поради наглото воведување полициски час во Турција за да се сузбие ширењето на коронавирусот, што предизвика општ хаос на улиците и во маркетите.

Турските медиуми пренесуваат дека Ердоган доцна синоќа нагласил оти Сојлу ќе продолжи да ја врши својата работа на функцијата министер за внатрешни работи, на која е поставен од 2016 година.

Најголема причина поради која Сојлу поднесе оставка е воведувањето полициски час во петокот вечерта, и тоа два часа пред да стапи во сила на полноќ, без давање какво било предупредување на граѓаните претходно.

По најавата за полициски час, граѓаните побрзале до најблиските маркети за да се снабдат за викендот со основни продукти.
Одговорноста за тоа ја презел Сојлу, кој веста за својата оставка ја напиша на „Твитер“. Пред да биде одбиена неговата оставка од Ердоган, Сојлу доби силна поддршка на социјалните мрежи како од обични граѓани така и од политичари и сите приврзаници на Партијата на правдата и развојот, каде што е член Сојлу.

Регион

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Објавено пред

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети. Според излезните анкети на агенцијата Алфа рисрч, партијата на Борисов освоила 26, 4 отсто од гласовите или 74 мандати. За да се формира влада во Бугарија се потреби 121 пратеник.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на агенцијата Алфа рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови.

Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 отсто, БСП-Обединета левица со 7,8 отсто од гласовите и Има таков народ со 6,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети.

Овие резултати на излезните анкети не ги содржат гласовите од дијаспората, па можни промени на бројките.

Прикажи повеќе...

Регион

Тринаесетгодишно девојче од Србија ја изболо и усмртило 7-годишната сестра со нож во Германија

Објавено пред

Во источногерманскиот град Лајпциг, седумгодишно девојче почина откако нејзината 13-годишна сестра наводно ја избодела со нож, јавува „ДПА“.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил во петокот вечерта, кога полицијата била повикана во станбена зграда во квартот, каде пронашла тешко повредено седумгодишно девојче. Девојчето било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите.

Од полицијата потврдија дека 13-годишната сестра на девојчето моментално се лекува на специјалистичка клиника и е под надзор на психолог. Истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата засега не открива дополнителни детали.

„Билд“ пишува дека се работи за семејство од Србија, а семејниот суд во Лајпциг би можел да нареди девојчето да биде сместено во дом.

Родителите на девојчињата наводно не биле во станот кога се случила оваа трагедија.

Прикажи повеќе...

Регион

Граѓаните на Бугарија денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години

Објавено пред

Бугарските граѓани денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција, а гласачите стануваат сè поапатични.

dobivaj vesti na viber

Бугарија, најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бори со ротирачки влади од 2020 година, кога антикорупциските протести помогнаа да се собори коалицијата предводена од централнодесничарската партија ГЕРБ, објави Ројтерс.

Последните анкети покажуваат дека нема јасен победник и очигледни опции за солидна коалиција.

Гласањето завршува во 20 часот во недела, а во исто време треба да се знаат и резултатите врз основа на излезните анкети.

Конечните резултати ќе бидат познати неколку дена подоцна. Доколку не се појави неочекувано политичко партнерство или силен лидер за обединување на коалицијата, повеќето аналитичари предвидуваат дека земјата повторно ќе оди на избори на почетокот на следната година.

Бугарскиот претседател Румен Радев и даде мандат на ГЕРБ да формира влада по последните избори во јуни, на кои партијата освои најмногу гласови и обезбеди 68 места во 240-члениот парламент.

ГЕРБ, сепак, не успеа да формира мнозинска коалиција.

Мандатот потоа им беше понуден на другите партии, но и тие не успеаја да направат мнозинска коалиција, поради што беа организирани нови избори.

Анкетата објавена деновиве од агенцијата за истражување на јавното мислење Алфа Рисрч покажа дека ГЕРБ води со 26,5 отсто од гласовите.

Реформистичката партија Продолжуваме со промени (ПП) има 14,9 отсто, а ултранационалистичката проруска партија Препород со 14,2 отсто од гласовите.

Според Алфа Рисрч, се очекува излезноста да биде меѓу 30 и 32 отсто. Тоа е пад од повеќе од 75 отсто во однос на 1990-тите и околу 50 отсто од пред само три години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово

Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти. На терен се екипи на...

Регион1 час

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите...

Свет4 часа

Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број...

Македонија7 часа

(Видео) Општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капиталните инвестиции

Во Владата денес беше потпишан договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините. Дел...

Македонија8 часа

Мицкоски е уверен дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ, ја повика Антикорупциската комисија случајот да го стави на брза лента

Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови. Прашан од...

Македонија9 часа

(Видео) СДСМ бара Христовски итно да се повлече од директор на АНБ: „Користењето на фалсификуван документ е криминал“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повика Бојан Христовски итно да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност. Методија...

Свет10 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа кај Батинци

Осумдесет и тригодишен пешак од селото Батинци, Скопско загина во сообраќајна несреќа, по удар на автомобил. Несреќата се случила на...

Свет11 часа

Зеленски упати нов апел до главните сојузници на Киев да го засилат притисокот врз Москва

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна потпиша закон со кој им се дозволува на странски државјани да служат во вооружените сили...

Свет12 часа

Путин: Ако Западот дозволи удари со долг дострел врз Русија, нашиот одговор ќе пристигне

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва подготвува различни начини да одговори доколку Соединетите Држави и нивните сојузници во НАТО...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да препроектира трасата за автопатот од Скопје до Блаце кој ја чини државата 300 милиони евра

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија Автопатот кон...

Регион13 часа

Граѓаните на Бугарија денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години

Бугарските граѓани денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се борат...

Македонија1 ден

Членовите на Комисијата за помилување поднесоа колективна оставка

Членовите на Комисијата за помилување поднесоа колективна оставка, соопшти професорот Гордан Калајџиев. „Ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од...

Топ1 ден

Уште еден возач побегна откако удри во пешак во Скопје

МВР соопшти за уште едн случај на сообраќајна несреќа со пешак во Скопје, која завршува со потрага по возачот на...

Свет1 ден

Живот после напад

Жителите на Техеран денеска се занимаваа со секојдневните работи и покрај ноќните напади на израелската армија недалеку од иранската престолнина....

Свет1 ден

(Видео) Објавени снимки од израелскиот напад врз Иран

Објавени се снимки од синоќешниот напад врз воени локации во Иран во три бранови воздушни напади. Израелската војска соопшти дека...

Македонија1 ден

Бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор за да почне процесот на уставни измени, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија. Мицоски вели дека она што требало...

Македонија1 ден

Се снимал и сликал со бомби кашикари во раце, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи...

Македонија2 дена

Стрелките на часовникот ноќеска се враќаат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат...

Топ2 дена

38-годишен маж силувал малолетник во Струмица

Синоќа во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица. Тој се...

Македонија2 дена

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра кога минималната кошничка е над 1.000 евра, раст на минималната плата да има и годинава

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,...