Македонија
За една недела, 1.579 јавувања за владините економски мерки
На телефонскиот број 02/324-8040, кој од минатиот понеделник функционира како контакт (телефонски) центар на Владата и кој е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот, во периодот од една недела, односно од 6 до 11 април регистрирани се вкупно 1.579 јавувања. Контакт-центарот е обезбеден од МАСИТ како донација од компанијата „Асеко СЕЕ Македонија“.
Од Владата велат дека постои голем интерес за користење економски мерки кај компаниите и граѓаните, а дека најчесто поставувани прашања (96 отсто) од вкупниот број прашања се следните:
-можноста за користење финансиска поддршка за исплата на минимална плата за работниците;
– можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа;
– кредитирањето преку Развојната банка на Република Северна Македонија;
– постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час.
На прашањата што пристигнуваат во контакт-центарот одговараат стручни лица, а одговорите може да се добијат на македонски и албански јазик. Кол-центарот работи од 8 до 17 часот од понеделник до петок, а в сабота од 9 до 14 часот. Со цел да се одговори на што поголем број повици, контакт-центарот од денеска работи со зголемен капацитет.
Со цел навремена и детаљна информираност на компаниите и граѓаните за економските мерки на Владата, а во согласност со интересот за одделните мерки, подготвен е и документ во кој се содржани одговори на најчесто поставуваните 25 прашања во изминатиот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

