Црна хроника
Скопјанец почина во Градската болница

Четириесет и шестгодишен маж синоќа почина во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Тој бил донесен од Заводот за рехабилитација во многу лоша здравствена состојба и по направената реанимација, починал.
Според информациите, се работи за З. С. од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По насока на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Судир меѓу „џип чироки“ и електричен тротинет: тешко повреден малолетник во Скопје

Вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ш.Е. од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од село Страхојадица, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична против полицаец за кражба на струја

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а став 1 од КЗ. Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од село Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја истепал поранешната девојка, па барал да ја повлече пријавата против него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 66-годишниот Д.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.
На 18.12.2024 пријавениот физички ја нападнал поранешната девојка и потоа постојано телефонски и се јавувал и барал да ја повлече пријавата што ја поднела против него, а на социјални мрежи објавувал нејзини фотографии.