Црна хроника
Бугари сакале да изнесат македонски артефакти

Предмети со историска и културна вредност на Македонија биле најдени во минибус со бугарски регистерски ознаки кој сообраќал на редовна линија Струмица- Софија, управуван од бугарски државјанин.
Царинските службеници во петокот околу 3:45 часот на граничниот премин Ново Село при детална контрола во каналот за вентилација пронашол мала мала кутија завиткана во бела хартија, на која со пенкало било запишано, 1.000 евра. Во неа, во црвена кутија се пронајдени пет метални монети и еден метален крст.
Предметите се предадени на експертска анализа од страна на Завод за заштита на спомениците и Музеј – Струмица, додека крстот е од средниот век. Според првичната анализа станува збор за една римска бронзена монета (од III век од Виминациум), две бронзени монети (I век Севастос Македон), една бронзена монета ( III-II век пред нашата ера Тесалоника), една бронзена монета на Персеј (II век пред нашата ера) и еден бронзен крст приврзок (X – XI век од нашата ера).
Крстот е од особена важност бидејќи се смета дека тој е дел од колекција од четири такви исти крстови кои потекнуваат од ископините кај црквата Св. Петнаесет Тивериополски Маченици. На овој локалитет се пронајдени другите три, а овој е четвртиот крст со што се затвара колекција од рано-христијанскиот период.
Антиквитетите се одземени, а против прекршителот, Царинската управа поднесе кривична пријава. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет во судир со автомобил

Вчера вечер во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен вработен во Здравствениот дом – Берово, кај него пронајдена дрога

Вчера околу 22 часот на улицата „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен 29-годишниот Б.Р. од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.