Македонија
Телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели

Отворена е телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели.
Од Универзитетската клиника за неврологија информираат дека пациентите во периодот од 11 до 13 часот, в понеделник и среда, може да се јават на телефонскиот број 075/277-806 во амбулантата за деменции за консултација и советување.
Повозрасните лица се особено чувствителни на кризни состојби и природни катастрофи, а ова, за жал, се потврдува токму во овој период кога сите ние живееме во услови на променета дневна рутина поради пандемија на болеста предизвикана од коронавирусот Ковид-19.
Во светот повеќе од 50 милиони лица живеат со деменција, а на секои 3 секунди се дијагностицира нов случај. Лицата што живеат со деменција имаат ограничен пристап до информации и факти за пандемијата на Ковид-19, а имаат и тешкотии да ги запомнат препораките за безбедно однесување и заштита (на пример, носење маска) или во разбирањето на информациите од јавноздравствен карактер (почитување на времето одредено со полицискиот час).
Ненамерното, а условено од самата болест, непочитување на предупредувањата и препораките за социјално дистанцирање потенцијално ги изложува на поголем ризик и можност за инфекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.