Македонија
Пендаровски-Мета: Регионална соработка за надминување на кризата од Ковид-19
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, телефонски разговараше со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
За време на разговорот двајцата претседатели разменија информации за актуелните состојби во двете држави во контекст на справувањето со последиците од ширењето на Ковид-19.
Претседателот Пендаровски информира за мерките што надлежните институции во земјата ги преземаат во справувањето со епидемијата и процените за натамошниот развој на ситуацијата. Претседателот истакна дека фокусот на државите, покрај справувањето со последиците на здравствен план, треба да биде насочен и кон справувањето со последиците на економски и социјален план.
Имајќи ја предвид неодамнешната потврда на земјите членки на Европската Унија за подготвеноста на Северна Македонија и Албанија за почеток на пристапните преговори за членство, а по откажувањето на самитот на лидерите на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан, кој требаше да се одржи на 7 мај во Загреб, поради состојбата со ширењето на Ковид-19, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европската Унија ќе успее да изнајде модалитети за придвижување на процесот во интерес на двете држави и на самата Унија.
Соговорниците изразија подготвеност за размена на искуства, координација и поддршка онаму каде што е потребно, во духот на солидарноста и регионалната соработка за справување со епидемијата, како и за надминување на здравствената и социо-економската криза предизвикана од Ковид-19.
Претседателот Мета упати честитка до претседателот Пендаровски и до сите граѓани за влезот во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

