Црна хроника
Мотциклист загина во сообраќајка со камион
Мотоциклист загина во сообраќајка со камион што се случила во понеделникот попладне околу 17.55 часот на крстосницата од улица „Новачки пат“ и улица „Индустриска“ во Битола.
Камион „ТАМ“ со којшто управувал педесет и осумгодишен жител на битолското село Долно Оризари удрил во мопед „хамачи“ управуван од триесет и осумгодишен битолчанец. Возачот на моторот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што од страна на лекар била била костатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и девојка на возраст од 22 и 21 година.
Според информациите од МВР, двајцата со „ауди“ излетале од патот.
„По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид“, соопшти полицијата.
Извршен е увид, а телата предадени на обдукција.
Црна хроника
Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме
Вчера во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола.
По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
Вчера во 18.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат П.К.(57) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, на местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.