Македонија
(Видео) Спасовски: Ако епидемиолозите препорачаат, Куманово ќе биде во карантин
Ако епидемиолозите и стручната фела речат дека 14-дневен карантин е мерка што ќе го спречи ширењето на коронавирусот во Куманово, Владата е спремна да ја донесе, потенцира премиерот Оливер Спасовски, според кого, иако во Куманово има најмногу заболени, не може да се прави компарација со Дебар. Истовремено, во тек е скрининг во кумановската болница, каде што се проверува дали има и други здравствени работници позитивни на коронавирусот, освен досегашните 44 медицинари.
„Јас не сум приврзаник на такви најстроги блокади затоа што компарацијата на Дебар и Куманово, односно меѓу 9.000 и 120.000 жители, не е сосема иста. Меѓутоа, ќе дискутираме и за овие прашања, за 24-часовно затворање на Куманово, ако тоа е мерка што ќе ја предложат и епидемиолозите и стручните луѓе, ќе ја донесеме со цел да ги заштитиме здравјето и животот. Има повеќе пари од општинските штабови за барање карантин. Одлуките на Владата ги носиме врз основа на мислење на Комисијата за заразни болести, препораките од епидемиолозите, тогаш кога тоа е неопходно. Сите мерки што ги донесовме се врз основа на тие препораки. Како Влада сметаме дека треба да ја слушаме, прво, струката, односно тоа што го кажуваат лекарите, тоа што е најефикасно, па кога треба нешто да направиме, тоа да го направиме заеднички“, рече Спасовски.
Во однос на барањето од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, да се зголеми бројот на медицински персонал, Спасовски рече дека во тек е и конкурс за прием на медицински персонал во тамошната болница.
„Ние веќе имаме донесено лекари, тие работат повеќе од две недели. И на Инфективното одделение е донесена одлука и веќе се вратени лекари што работат на Клиничкиот центар надвор од Куманово да работат тука во градот. За конкурсите што беа прекинати за прием на лекари и медицински персонал, дадена е насока да продолжат за да може да се активираат. Денес се прави скрининг на сите вработени во кумановската болница, земени се 10-ина теста за испитување. На тој начин и врз основа на одлуките од Министерството за здравство во однос на функционирањето на одделите, особено заедно со менаџментот, таа функционира. Имаме околу 800 вработени во болницата, од кои 44 се позитивни на коронавирусот“, додаде Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 124 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

