Европа
Браќата Каши погребани во тајност
Двајца од тројцата исламски екстремисти кој ги уби француската полиција по минатонеделните терористички напади во Париз, во тајност се погребан во градот Ремс, во северна Франција, и во париско предградие, објавија неименувани функционери во саботата.
Саид Каши е погребан во гроб без никакви обележја за да не стане култно место за исламисите, како и да не биде сквернавен од десните радикали. Шериф, исто така, во голема тајност бил погребан во месото Женевил, северно предградие на Париз.
Сади и неговиот брат Шариф Каиши, француски државјани од алжирско потекло, на 7-ми јануари во француската престолнина извршија напад во редакцијата на сатиричниот неделник Charlie Hebdo, поради објавувањето карикатури на пророкот Мухамед. Во тој напад браќата убија вкупно 12 луѓе, а тие беа ликвидирани два дена подоцна во местото Демартен-ан-Гоел во близина на Париз.
Претходно во четвртокот градоначалниците на Женвил и Ремс, градовите каде живееле браќата Саид и Шариф Каши, не сакаа нивните тела да бидат погребани таму, затоа што стравуваат дека може да се претворат во места за своевиден аџилак на радикалните исламисти.
Француските власти се’ уште не донесоа одлука каде ќе го погребат Амеди Кулибали, третиот напаѓач кој на 9-ти јануари кој во еврејски супермаркет за кошер храна во Париз уби четворица заложници, откако претходниот ден уби полицајка, а беше убиен речиси истовремено со браќата Каши во престрелка со полицијата. Роднините на Кулибали, исто така ќе треба да одлучат дали да го закопаат во Фонтенеј-о-Рос, предградие на Париз, каде што тој живеел или во самиот Париз.
Ваква дилема имаше и во 2012 година кога требаше да се погреба Мохамед Мера, кој уби седуммина, меѓу кои три еврејски деца и еден рабин, а ниту градот Тулуз ниту Монтобан не сакаа тој да биде погребан кај нив. Надлежните од Тулуз предложија тој да биде погребан во Алжир од каде потекнувал, но Алжир тоа експресно го одби. Тогаш, Николас Саркози, тогашниот претседател пресече, дека тој треба да биде погребан во Франција, затоа што е Французин. Мера беше погребан во Тулуз, но гробот не му е обележан.
Полицијата на територијата на Франција ја продолжува потрагата по лица поврзани со напаѓачите, а досега се уапсени 12 лица./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно
Украина сака да „убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на прес-конференција, наведувајќи ги своите приоритети за мандатот.
Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е да управува со системот.
„Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, рече тој.
Тој го наведе зголемувањето на руските жртви како втора стратешка цел. „Втората стратешка цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, рече тој. Додаде дека, според украинските податоци, минатиот месец биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со снимки“.
„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостатокот на овој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Оваа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.
Европа
Франција бара воена вежба на НАТО во Гренланд
Франција побара НАТО да одржи воена вежба на Гренланд и е подготвена да учествува, соопшти Елисејската палата, објави Си-Ен-Ен.
Франција, заедно со други европски земји, минатата недела распореди дел од воениот персонал на Гренланд за да учествува во посебна заедничка вежба предводена од Данска.
Ова доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги засили заканите за анексија на арктичкиот остров со сила. Неговите изјави го доведоа во прашање деценискиот безбедносен сојуз предводен од САД во Европа.
Што е воена вежба на НАТО?
Вежбите на НАТО ги свикува командантот на НАТО и можат да бидат со големина од неколку офицери до „вежби од целосен обем што вклучуваат борбени сценарија што вклучуваат авиони, воени бродови, артилерија, оклопни возила и илјадници војници“, вели НАТО на својата веб-страница.
Земјите-членки на НАТО учествуваат во вежбите со обезбедување национални придонеси во форма на војници, опрема или друга поддршка. „Земјите учеснички генерално ги финансираат своите национални придонеси“, наведува НАТО.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.

