Црна хроника
Пронајдено безживотно тело на непознат маж во Охрид

Безживотно тело на повозрасен маж, во среда околу 14 часот било пронајдено на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид., јави Охридњус.
Телото го забележал доктор од Брзата помош, кој го пријавил случајот. Веднаш била формирана увидна екипа составена од припадници на полицијата, истражен судија и јавен обвинител, која излегла на местото на настанот.
Според првичните информации од истрагата, на телото не биле забележани траги од насилство.
Починатиот се уште не е идентификуван, а во полицијата нема пријава за исчезнато лице, поради што СВР Охрид апелира до граѓаните доколку имаат било какви сознанија кои можат да помогнат да се утврди идентитетот на мртвиот маж, да се јават на бројот 192./крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.