Свет
Австралиски градоначалник фатен како не ги почитува мерките за ограничување и пие пиво на улица

Градоначалник од австралиската држава Викторија е казнет поради кршење на мерката за ограничување воведена поради пандемијата на коронавирус, откако бил фатен како пие пиво со други луѓе на улица.
.@WarrnamboolCity mayor Tony Herbert has been fined by @VictoriaPolice for breaching COVID-19 laws. Was snapped drinking a beer on the city’s main street last week. Herbert says he thought engaging with business owners as part of mayoral role was within law @abcmelbourne pic.twitter.com/pGbXn8TNM0
— Daniel Miles (@danielmiles) April 16, 2020
Тони Херберт, градоначалник на Варамбол, е снимен на 7 април како стои пред хотел со уште три лица и пие пиво покрај својот службен автомобил, објави Би-би-си.
Само неколку часа претходно истиот ден градоначалникот во видеоснимка, објавена од советот на градот, ги повика граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Државата Викторија денеска го казни Херберт со парична казна од 1.652 австралиски долари, поради непочитување на правилата за социјално дистанцирање.
Тој се извини поради своите постапки, признавајќи дека погрешил. Рекол дека во тој момент, во рамки на своите градоначалнички должности, разговарал со сопственици на компании.
„Но сфаќам дека ги прекршив мерките воведени поради безбедноста на заедницата. Искрено ми е жал поради своите постапки“, рекол Херберт.
Освен градоначалникот, казна добиле и другите тројца луѓе што разговарале со него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.