Македонија
Филипче: Да знаевме дека кризниот штаб на Куманово чека резултати, поинаку ќе се организиравме
Министерот за здравство, Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, која ја одржа од дома, со оглед на тоа што е во самоизолација, рече дека владините претставници кои вчера биле во Куманово воопшто немале информации дека градоначалникот и претставниците од кризниот штаб чекаат резултати од брисот за коронавирус.
„Да знаевме, ќе се организиравме поинаку. Иако сепак, сите бевме соодветно заштитени. Но, ова е еден акт со кој покажуваме дека сите сме еднакви и дека сите треба да ги почитуваме препораките“, рече Филипче.
Зошто не сме биле известени не можам да кажам, рече Филипче, прашањето треба да го упатите до претставниците од Куманово.
Во врска со новинарите кои вчера биле присутни во Куманово, министерот за здравство рече дека засега нема логика тие да прават тестови во овој момент.
„Исконтактирав со поголем дел од нив и тие ќе добијат понатамошни насоки“, рече Филипче.
Вчера се одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев. Сите тие од денеска се во домашна изолација.
Во Куманово секојдневно расте бројот на новозаболени од Ковид-19, а градоначалникот Максим Димитриевски упорно инстираше градот да биде во карантин, како што беше случајот со Дебар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

