Црна хроника
Кривична за Бранко Тричковски поради закани упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Секторот за компјутерски криминал при МВР до скопското Oсновно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против новинарот Бранко Тричковски, кој на социјалните мрежи објави статус со навредлива и заканувачка содржина кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што информираат од МВР, пријавениот преку социјалната мрежа „Фејсбук“ на 13 април објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.
Минатиот понеделник, Тричковски напиша подолга објава која започнува со прашањето „Што ќе се случи ако умре Христијан М.“, а скратена верзија од истата објави и на својот налог на „Твитер“.
Поради оваа објава, Тричковски се товари за сторени кривични дела загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.