Топ
(Видео) Приведено момче кое шетало куче за време на полицискиот час, внатрешна контрола ќе го истражува случајот
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема мерки и активности за утврдување на законитоста на постапувањето на полициски службеници кои привеле момче кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на полицискиот час.
„Во текот на утрешниот ден, јавноста ќе биде соодветно информирана за исходот од проверките Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот“, соопшти полицијата.
На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат полициски службеници како, со два автомобили и едно комбе, приведуваат момче кое шетало со својот миленик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Романците денес на избори, се зголемуваат шансите за победа на обожавателот на Трамп и противник на Украина
Романците гласаат во првиот круг од претседателските избори денес, а загриженоста за зголемените трошоци за живот му дава можност за победа на десничарскиот лидер Џорџ Симион, кој се противи на испраќање воена помош за Украина.
Доколку ниту еден од кандидатите не добие апсолутно мнозинство гласови, на 8 декември ќе се одржи вториот круг на избори за да го замени двомандатниот претседател и верен украински сојузник Клаус Јоханис.
Предизборните анкети покажуваат дека Марсел Чиолаку, 56-годишниот лидер на Социјалдемократите (ПСД), најголемата партија во земјата, ќе влезе во вториот круг. Најверојатен противник ќе му биде 38-годишниот Симион од Алијансата за обединување на Романија (АУР).
Аналитичарите тврдат дека поголема е веројатноста да победи Чиолаку, кој им се допаѓа на умерените гласачи и има искуство во управувањето со земјата додека војната беснее во соседството, но тие не ја исклучуваат ниту победата на Симион.
Новиот претседател ќе се соочи со забавена европска економија, корекција на буџетот на Романија со најголем дефицит во Европската унија и притисок да ги исполни целите на НАТО за трошоците за одбрана за време на вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД.
Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Романија го олесни извозот на милиони тони жито преку нејзиното црноморско пристаниште Констанца и обезбеди воена помош за Киев, вклучително и донација на системот за воздушна одбрана Патриот.
Симион го прикажува гласањето како избор помеѓу етаблираната политичка класа која се потчинува на странските интереси и себеси, аутсајдер кој ќе ја брани економијата и суверенитетот на Романија.
Тој се противи на воената помош за Украина и ја обвини коалициската влада дека подобро ги третира бегалците од домашните жртви од поплавите. Некои политички ривали го обвинуваат дека е руски агент, што тој го негира.
„Не ја ставив раката во касичката и не ви ги крадам парите“, им рекол Симион на своите поддржувачи овој месец.
„Јас сум еден од вас, не еден од нив. Отсекогаш сум бил меѓу луѓето, зборував за затворени фабрики, невработеност, сиромаштија што ги тера младите да ја напуштат државата“.
Патем, Симион се профилираше како поддржувач на Трамп и застапник на антиукраинската политика.
Во конкуренција се и двајца кандидати од десниот центар: претседателот на Горниот дом на парламентот Николае Чиука, лидер на либералната партија (ПНЛ) која е во кревка владејачка коалиција со ПСД, и Елена Ласкони, лидер на опозициската партија УСР.
„Исходот е сè уште многу тешко да се предвиди поради високата концентрација на кандидати и поделбата на гласовите на десниот центар“, рече Сергиу Мискоиу, професор по политички науки на Универзитетот Бабес-Бољаи.
Тој додаде дека повеќето од кандидатите во нивните предизборни кампањи се фокусирале на претежно конзервативни пораки како што е заштитата на семејните вредности.
Кандидатите на етаблираните партии имаат многу сеопфатни пораки: од една страна нацијата, војската, религијата и сл. Од друга страна, гледаме посветеност кон Европа, иако на неа се гледа повеќе како извор на приход отколку како систем на вредности.
Романскиот претседател, ограничен на два мандати од пет години, има полу-извршна улога, која вклучува командување на вооружените сили и претседавање со Врховниот совет за одбрана, кој одлучува за воената помош.
Претседателот ја претставува земјата на самитите на ЕУ и НАТО и назначува премиери, главни судии, обвинители и шефови на тајни служби.
Јоханис дојде на власт пред 10 години ветувајќи дека ќе ја зајакне борбата против корупцијата во земјата.
Топ
Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар
Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.
Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.
Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.