Контакт

Топ

Полицијата идентификува 18 лица што играа оро во Гевгелија

Објавено пред

Во врска со настанот од 19 овој месец во Гевгелија, каде што повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење во согласност со уредбите на Владата, Министерството за внатрешни работи во текот на денот идентификувало 18 лица учесници во настанот, извршиле службени разговори со осум лица, а за другите десет лица во тек се достави на покани за разговор во надлежната полициска станица.

dobivaj vesti na viber

Исто така, по целосно документирање на настанот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија, соопшти МВР.

За случајот се дозна кога на социјалните мрежи се прошири снимка од велигденското оро за време на полицискиот час.

Македонија

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме Народен правобранител и претседател на ДКСК

Објавено пред

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов Народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за спречување корупција, рече денес претседателот на Собранието, Африм Гаши. Процедурата за избор на Народен правобранител е почната, а за претседател на ДКСК допрва треба да се објави оглас.

dobivaj vesti na viber

„Што се однесува до Народниот правобранител имавме јавен оглас, имавме 17 кандидати за таа позиција. Денеска требаше да заседава Комисијата за избори именувања. Ако тие одлучат за име за кое би се сложиле, тогаш за таа одлука ќе можеме да свикаме пленарна седница и да одлучиме за тоа име. Ако не, тогаш ќе треба да почекаме подобри времиња или усогласеност околу тоа кој ќе биде кандидат или кој ќе биде избран за Народен правобранител. Што се однесува до ДКСК законските рокови се веднаш штом има оставка или немаме претседател на Комисијата, Собранието во рок од десет дена да објави оглас. Ние тоа ќе го направиме денеска во Комисијата за избори и именувања. И сега ќе треба да видиме како тоа правно да го направиме. Ќе треба да го анализираме затоа што одредбите не се докрај прецизни дали можеме во време кога се распишани избори да се направи избор или да се назначи претседател на ДКСК или пак Народен правобранител“, вели Гаши.

Земјава остана без Народен правобранител откога на 14 јули во пензија замина Насер Зибери, а Собранието не го испочитува Законот за народен правобранител кој предвидува нов оглас три месеци пред пензионирањето на актуелниот омбудсман.

Антикорупционерите, пак, останаа без претседател по оставката на досеганата претседателка Татјана Димитровска осомничена дека давала доверливи информации на лице обвинето во случајот „Адитив“ и дополнително дека  вработен во Државниот завод за ревизија полагал испит за класифицирани информации во нејзино име, со што таа незаконски го добила сертификатот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Објавено пред

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и опфатен е со обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади лица, денес се вознемири од новинарско прашање дали од морални причини би поднел оставка. Тој првин праша кој медиум му го поставува прашањето иако новинарката користи опрема со видливи ознаки, а место одговор на прашањето, се пожали дека новинарите му судат место судот.

dobivaj vesti na viber

„Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка. Има една општа пресумпција на невиност, која сите ја знаете – сѐ додека не бидам осуден, не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, а не надвор од судовите“, рече министерот Салиу, кој се појави на настан за одбележување на 2 август, ден кога стотици илјади Роми за време на Втората светска војна се убиени во логорите на смртта и им се заблагодари на премиерот и на Владата што овозможиле да се одбележи денот.

Не кажа дали размислува за оставка од морални причини.

Владата, пак, размислува дали да го разреши Салиу уште од април годинава. Во вторникот премиерот Христијан Мицкоски рече дека веќе е во комуникација со него за понатамошните чекори што треба да бидат преземени и дека ќе ја извести јавноста кога ќе има нешто ново.

Салиу заедно со 34 обвинети за пожарот во Кочани се сомничи за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството соопшти дека за обвинетите од Дирекцијата за заштита и спасување постои сомнеж дека со неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, во целост го нарушиле системот за заштита и спасување.

На Салиу му е изречена мерка претпазливост и тој мора двапати недело да се пријави во судот.

За министерот Салиу не е коректно ниту сликањето и објавувањето на табличките од неговиот службен автомобил со кој оди во судот да се пријави.

„Не е коректно и не е фер новинари да сликаат таблички на моето возило. Службено е ама јас се возам во тоа возило, задолжен сум со тоа возило. Не е фер таков начин, јас не бев на одмор, не бев никаде, напротив во рамки на моите должности го извршив и тоа. Се пријавив. Јас од осум часот до некаде 17 часот сум на работа. Јас не бев никаде надвор од државата туку бев во судот“, рече министерот Салиу.

Службена „шкода“ со возач го чека министерот додека тој се пријавува во судот со што потврдува дека не избегал од земјава

Прикажи повеќе...

Македонија

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Објавено пред

Од

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и до Прага, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

„Утрово, потпишавме договор за 5 нови дестинации, кои ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолета, кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, од декември Келн – Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага – Скопје. Ова се пет нови авиолинии, кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром“, рече Николоски.

Тој додаде дека за една година се отворени 16 нови авиолинии.

„Со 11 нови линии, што веќе ги отворивме, и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии, кои ги отворивме за една година. И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и од охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % за охридскиот аеродром“, рече Николоски и најави дека во следниот период ќе има уште нови авиолинии.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме Народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов Народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за...

Македонија2 часа

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и...

Македонија3 часа

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија3 часа

Зголемен број туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија4 часа

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Македонија6 часа

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет6 часа

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија16 часа

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Топ19 часа

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија20 часа

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ22 часа

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија23 часа

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија1 ден

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет1 ден

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија1 ден

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...

Топ1 ден

Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ по интерпелацијата на Коцевски: На Македонија ѝ треба обвинителство отпорно на политичко влијание

Социјалдемократскот сојуз и ДУИ, вчера здружно застанаа на браникот да го спасат Љупчо Коцевски, на кого веќе му е изгласана...

Свет1 ден

(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија предизвикувајќи цунами високо до...

Свет1 ден

(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот Регион откога Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од...