Црна хроника
Експлозија на плинска боца можна причина за големиот пожар на Македонски пошти

Голем број противпожарни возила го гаснат големиот пожар што ја попладнето во вторник изби на покривот од главната зграда на Македонски пошта во центарот на Скопје, кој според непотврдени информации е предизвикан од експлозија на плинска боца, јавува репортерот на Макфакс
Крстосницата кај централната зграда на Македонски пошти е затворена за сообраќај, и местото го обезбедуваат бројни полициски екипи со повеќе возила, а на теренот се присутни и возила на Брзата помош.
Сé уште нема информации за повредени или жртви во огнената стихија којашто избувна малку по 16,30 часот во вторникот, рекоа за Макфакс извори од Министерството за внатрешни работи.
На местото на инцидентот пристигна и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Според неофицијални информации од очевидци, попладнево се слушнала експлозија. Најверојатно станува збор за експлозија на плинска боца, рекоа за Макфакс лица кои биле присутни на местото кога избувнал пожарот. /крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.