Спорт
Вебер: Шумахер беше неуспех во Мерцедес

Поранешниот долгогодишен менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер, вели дека Германецот бил неуспех во 2010 кога им се врати на Ф1-трките со Мерцедес.
Шумахер првин се пензионира по седмата светска титула, но потоа неочекувано ја прифати понудата на „сребрената стрела“, тогаш тим во изградба, да се врати во спортот во 2010, и вториот дел од кариерата беше одбележан со тоа што тој ниту еднаш не победи. Џон Барнард, поранешниот дизајнер кој работеше со Шумахер во Ферари, претходно изјави дека Шумахер, едноставно, не се снашол најдобро во Мерцедес, а со тоа се согласува и Вебер.
„Михаел имаше посебено нагодување на својот болид за да му одговара на неговиот стил во Ферари и не го доби тоа од Мерцедес. Новите болиди беа развивани на поинаков начин и Михаел немаше влијание врз технологијата како што имаше во Бенетон и Ферари. Кога Рос Браун не успеа да го подобри болидот во 2009 и одеднаш Нико Розберг беше побрз од него, стана јасно дека се работи за друга поинаква генерација возачи иако морам да признам дека Михаел беше 100 отсто спремен. Михаел имаше неуспех во Мерцедес и навистина жалам што не ме послуша и што реши да се врати. Тоа беше непотребно“, вели Вебер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.