Црна хроника
Опел влета во излог во Капиштец, еден загинат

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа се случи во вторник вечер на улица Васил Ѓоргов во близина на ТЦ „Зебра“, кога автомобил „опел корса“ со голема брзина влета во еден од излозите на околните згради.
Како што дознава Макфакс, на лице место бил направен обид да му се пружи прва помош на настраданото лице, чиј идентитет не е познат, но безуспешно.
На местото на настанот пристигна противпожарно возило, а полицијата врши увид. /крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.
Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.
Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај нив бил донесен 66-годишниот Р.Љ. од Скопје, кој подоцна починал.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка што се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во село Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.
При претресите биле лишени од слобода А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од село Гајре.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката.