Македонија
Пендаровски – Матарела: Непходен сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата
Претседателот Стево Пендаровски имаше телефонски разговор со италијанскиот претседател, Серџо Матарела.
Претседателот Пендаровски, во името на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, упати сочувство до претседателот Матарела и граѓаните на Република Италија за големиот број починати лица и изрази солидарност со државата, која е меѓу најтешко погодените од пандемијата на Ковид-19.
Двајцата претседатели разменија информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од пандемијата.
Претседателот Пендаровски го запозна претседателот Матарела со мерките и активностите што државните власти ги преземаат за справувањето со кризата.
Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски посочи на неопходноста од сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните.
Претседателот Пендаровски изрази уверување дека преку меѓусебна солидарност и соработка, европските држави ќе успеат да ги надминат последиците предизвикани од ширењето на Ковид-19.
Претседателот Матарела упати честитки по повод членството на Република Северна Македонија во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски во телефонскиот разговорот се заблагодари за конзистентната поддршка од Италија за европските и евро-атлантските аспирации на Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

