Спорт
Јаник Ноа: Ролан Гарос е мртов
Јаник Ноа, селекторот на француската машка и женска репрезентација во тенис, не е сигурен дека Ролан Гарос воопшто ќе се одржи оваа година.
Челниците на вториот Гренд слем во сезоната решија да го одложат турнирот поради коронавирусот. Според нивниот план Ролан Гарос ќе се одржи на 20 септември, една недела по завршувањето на Ју-Ес опен.
Оваа одлука на организаторите на Роланд Гарос наиде на многу критики во светот. Селекторот на Франција не верува дека турнирот ќе се одржи оваа година.
„Во Париз вложуваат напори турнирот да биде одржан. Доколку го откажат ќе доживеат економска катастрофа. Јас мислам дека турнирот е мртов, нема да има услови да се одржи“, рекол Ноа.
Целата сезона во тенисот е под знак прашалник за оваа година. Прашање е кога работите ќе се нормализираат, односно кога мечевите ќе можат да се играат пред публика, бидејќи доколку нема публика тенисот не може да го оствари зацртаниот профит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лено херој, Линделоф и Зикрзе трагичари, Фулам го елиминира Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед испадна од ФА купот. Во осминафиналето, на домашен терен, Фулам по изведувањето пенали го победи Јунајтед. На „Олд Трафорд“ по 120 минути игра резултатот беше 1:1, а пенал серија Фулам ја доби со 4:3. Апсолутен херој е голманот на Фулам, Бернд Лено, кој во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе.
Гостите први дојдоа до гол во осминафиналето. Во судиското надополнување на првото полувреме, Баси најдобро се снајде и го совлада Онана.
Рубен Аморим направи неколку измени, во вториот дел, прво ги внесе Гарначо и Линделоф, а потоа Оби и Касемиро, а во 71. минута Јунајтед успеа да израмни. Дало испрати повратно додавање од левото крило, а на вистинското место се најде капитенот Бруно Фернандеш кој со лева нога погоди за 1:1.
Регуларниот дел заврши без победник, а во продолженијата не се случи ништо значајно. Најдобрата шанса ја имаше младиот напаѓач на Јунајтед Оби, неговиот удар брилијантно го одбрани Лено во 106.минута.
Во пенал серијата за Јунајтед погодија Бруно, Дало и Касемиро, не реализираа Линделоф и Зиркзе. Кај Фулам сите шутери беа прецизни: Раул Химензе, Берге, Вилија и Робинсон.
Спорт
(Видео) Елмас ја најави победата на Торино во Монца

Торино победи во Монца 2:0, во 27.коло во Серија. „Биковите“ ја продолжија успешната серија, имаат еден пораз на последните пет натпревари. Монца е во се потешка ситуација, се наоѓа на последното место со 14 поени и речиси и да нема шанси да избори опстанок во лигата.
Победата на Торино ја најави македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во 41.минута. Елмс го постигна својот втор гол во дресот на Торино, откако во јануари пристигна во овој клуб на позајмица од Лајпциг.
Победата на гостите ја потврди Касадеи во 66.минута.
Спорт
Адеми се повреди, Ристовски доби црвен картон, Динамо не успеа да го победи Хајдук
Фудбалерите на Динамо и Хајдук ремизираа 2:2 во вечното дерби на хрватскиот фудбал, кое се одигра во 24. коло. Од нерешениот резултат најмногу профитираше лидерот Риека, бидејќи вчера неочекувано ремизираше против Горица. Риека ја задржа предноста од еден бод во однос на Хајдук и седум во однос на Динамо.
Загреб поведе во шестата минута со голот на Мартин Батурина, но Хајдук израмни во 31. минута со автоголот на Бартол Фрањиќ. Ронаел Пјер-Габриел му донесе ново водство на актуелниот хрватски шампион со голот во 48. минута.
Хајдук имаше играч повеќе од 66. минута бидејќи Стефан Ристовски доби црвен картон, а предноста од еден човек ја искористија во 91. минута кога Филип Кровиновиќ постигна гол за израмнување. Во 11.минута од судиското надополнување на времето, црвен картон кај Динамо доби и Галешиќ.
Покрај Ристовски, мечот на „Максимир“ го започна и упте еден поранешен репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, кој поради повреда го напушти теренот во 28.минута.