Спорт
Чилиќ го предупредува Ѓоковиќ: Федерер сè уште не е готов, внимавај се!

Според многумина, српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, би можел најмногу да профитира од паузата во тенисот поради корона-кризата затоа што неговиот најголем ривал, Роџер Федерер, во август полни 39 години и мали се шансите тој да освои некој голем трофеј до крајот.
Сепак, така не мисли хрватскиот тенисер Марин Чилиќ. Тој смета дека Федерер сè уште не го кажал последниот збор.
За потсетување, Федерер планира да се врати на теренот за сезоната на трева, но тениските турнири се откажани.
„Кога се работи за Роџер, тој сигурно на совршен начин ќе ја искористи паузата, како што правел секогаш. Лично сум видел како тој и Надал изгледаат по пауза. Да се потсетиме само колку пати Надал се повредуваше и секогаш кога ќе се врати, ретко губи“, смета Чилиќ.
Тој смета дека Федерер не е готов.
„Федерер во текот на кариерата често правеше паузи од 2 или повеќе месеци, но секогаш се враќаше во подобра форма. Не мислам дека е готов, можеби неговата желба за голема титула по паузата ќе биде уште поголема“, смета хрватскиот тенисер.
Чилиќ најголема шанса да стигне до грен слем титула имаше во 2014 на САД опен кога во полуфиналето го совлада токму Федерер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.