Спорт
Топ 25: Меси е пред Роналдо и Зидан

Специјализираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ ги избра најдобрите играчи во светот во последните 25 години. На врвот на оваа листа е капитенот на Барселона и Аргентина Лионел Меси, на второто место е неговиот опонент од Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо.
Според магазинот во Топ 10 покрај Меси и Кристијано Роналдо се Зинедин Зидан, Роналдо, Роналдињо, Тери Анри, Чави, Андрес Иниеста, Паоло Малдини и Роберто Баџо.
Од фудбалерите од просторите на поранешна Југославија меѓу 25 најдобри се наоѓа само Лука Модриќ.
Топ 25, во последните 25 години:
1. Лионел Меси
2. Кристијано Роналдо
3. Зинедин Зидан
4. Роналдо
5. Роналдињо
6. Тиери Анри
7. Чави
8. Андрес Иниеста
9. Паоло Малдини
10. Роберто Баџо
11. Ривалдо
12. Фабио Канаваро
13. Рајан Гигс
14. Кака
15. Вејн Руни
16. Луис Фиго
17. Габриел Батистута
18. Ерик Кантона
19. Лука Модриќ
20. Серхио Бускетс
21. Раул
22. Пол Сколс
23. Ромарио
24. Серхио Рамос
25. Џанлуиџи Буфон
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сабонис ќе отсутвува поради проблем со тетивата

Кошаркарот на Сакраменто, Домантас Сабонис, ќе биде надвор од терените на неодредено време откако ја истегна тетивата на натпреварот против Хјустон.
Сакраменто објави дека најдобриот скокач во лигата оваа сезона ја истегнал левата тетива и дека следната недела повторно ќе ја објават состојбата на Сабонис.
Сабонис се повреди ноќта меѓу саботата и неделата на натпреварот против Хјустон (113:103).
Оваа сезона Сабонис во 56 натпревари има просек од 19,5 поени, 14,1 скока и 6,2 асистенции по натпревар.
Спорт
Фонсека исклучен, се скара со судијата, му се заканува седуммесечна суспензија

Лион на домашен терен го совлада Брест со 2:1 во 24. коло од францускиот шампионат. Кени Лала ги доведе гостите во водство во 15. минута, а Лион направи пресврт благодарение на двојниот стрелец Александре Лаказет, кој погоди во 24. и 82. минута.
Во петтата минута од судиското надополнување, тренерот на Лион, Пауло Фонсека, доби црвен картон откако жестоко протестираше на одлуките на судијата Беноа Мило.
Откако доби црвен картон Фонсека полуде, му се внесе во лицето на судијата и врескаше, играчите за момент го оддалечија, но тој веднаш се сврте и тргна во нов вербален напад.
По завршувањето на натпреварот Фонсека се извини пред камерите на „DAZN“.
„Се извинувам за моето однесување, не требаше да реагирам на ваков начин. Фудбалот нè наведува да правиме работи кои се погрешни. Се извинувам”, изјави Фонсека, кој го наследи Пјер Саше на клупата на Лион на крајот на јануари.
На пет натпревари има три победи и два порази, а неговиот тим е на шестото место во Лига 1.
Францускиот медиум „RMC“, пишува дека Фонсека се соочува со суспензија до седум месеци, во зависност од тоа што ќе пишува во конечниот извештај и дали експресното извинување ќе ја ублажи казната.
Спорт
(Видео) Доминација на Луис Суарез во Хјустон

Интер Мајами без Лионел Меси, но со Луис Суарез забележа убедлива победа во Хјустон 4:1.
Уругвајскиот ветеран директно учествуваше во головите на Интер. Најпрвин забележа хет-трик со асистенции, за головите на Сеговија (два) и Аљенде.
Во 79.минута Суарез го постигна првиот гол оваа сезона, со што ја комплетираше брилијантната партија.