Македонија
Димитриевски не смеел да го напушти својот дом за време на самоизолација
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смеел да го напушти својот дом само во случај на влошување на здравствената состојба и тој требало да биде транспортиран исклучиво до соодветно инфективно одделение, вели директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, додавајќи дека инспекцискиот надзор покажал прекршувања во постапувањето на Итната медицинска помош, но и од страна на Димитриевски.
„Констатирано е дека лицата на кои на 16.04 им е издадено решение за домашно лекување, направен е прекршок за непостапување по решение, односно истите го напуштиле местото на престој. Тоа е казниво за што ќе се изрече казна за прекршок, односно тоа е парична казна од 300 до 600 евра. Вториот прекршок е направен во евиденција во Службата за итна медицинска помош. Таму секако, како и за постапувањето на докторите од кумановската болница, веќе е во тек вонреден стручен надзор“, вели директорката Сотирова-Бухова.
Директорката посочи дека констатирани се пропусти во однос на евиденцијата од страна на Итната медицинска помош. Од возачот на возилото од Итната медицинска помош бил креиран упад за транспортирање на Димитриевски и уште едно лице во Инфективната клиника во Скопје, но оттаму, ДСЗИ добил известување дека пациентот бил однесен на преглед.
„Во служба за Итна помош констатирани се пропусти во однос на евиденцијата. Евидентиран е патен налог за возачот на возилото од Итната медицинска помош кој почнува од 8 часот сабајле до 20 часот навечер. Потпишан е од возачот и уште едно лице, за кое не знаеме чиј потпис е тоа. Во Општата болница Куманово евидентирани се М.Д. и Г. без презиме како итни случаи, за кои во 12 часот е креиран итен упад за во Клиничка болница за инфективни болести-Скопје. По извршен телефонски контакт, лицето не се појавило на преглед на клиниката. Увидот е продолжен во кумановската болница, каде е констатирано дека извршен е преглед и креиран е упат за рендген на бели дробови и лабораторски анализи. За едното лице има наод дека треба да продолжи со препишаната терапија и да биде во домашно лекување. За второто е дека треба да има домашно лекување без терапија“, вели Сотирова-Бухова.
Но, иако Итната медицинска помош го транспортирала Димитриевски и уште едно лице во кумановскта болница, тие никогаш не се пожалиле дека им е влошена состојбата кај своите матични лекари од кои секојдневно биле контактирани.
„Направен е надзор во болницата ‘Жан Митрев’, лабораторијата ‘Биотек’ и лабораторијата „Систина“. Истиот ден, извршени се тестирања, заведени се во електорнската и дневникот за евиденција, а резултатите од тестовите се испратени по мејл. Од надзорот во матичните амбуланти на овие пациенти, констатирано е дека истите се секојдневно контактирани од матичните доктори, при што во ниту еден случај немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба“, додава Сотирова-Бухова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
И денес врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени.
Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа) со појава на грмежи.
-Во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, соопшти Управата за хитрометеоролошки работи.
Македонија
Кардиохирурзите Колев и Џелили на обука во Клиниката за кардиохирургија во Бордо, Франција
Кардиохирурзите при ЈЗУ Клиника за кардиохирургија, Скопје, Александар Колев и Кујтим Џелили престојуваат на Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, Франција, каде учествуваат на работилница за запознавање и обука со некои од најиновативните техники во совремата кардиохирургија.

-Заедно со мојот колега Кујтим Џелили имавме одлична можност да учествуваме на едукативна работилница во Универзитетската болница за кардиохирургија во Бордо, организирана од Петерс.
Под менторство на водечките професори Томас Модин, Луис Лаброус и Џулијан Пелтан, се запознавме со некои од најнапредните техники во современата кардиохирургија. Меѓу нив најсофистицирана и најпрефинета беше употребата на роботскиот систем на Да Винчи за поправка на митралниот вентил, како и други минимално инвазивни кардиохируршки процедури. Преку практични тренинг сесии, вежбавме креирање на анастомози на реални модели, користејќи некои од најновите помошни хируршки апарати, напиша кардиохирургот Колев на неговиот фејсбук профил.

Тој особено го потенцира фактот дека кардиохирургија, како една од поновите гранки на медицината, продолжува да се развива и брзо напредува.
-За нас, како кардиохирурзи кои доаѓаат од мала земја како Македонија, од особено значење е да останеме во тек со овие иновации, со цел да обезбедиме највисок можен квалитет на третман за нашите пациенти, наведува д-р. Колев.
Македонија
Ѓорѓиевски на фејсбук објави дека најдоброто за Скопје допрва доаѓа
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот.
-Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар. Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“. Најдоброто, доаѓа!, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот фејсбук-профил.
Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна завчеравечер по примеопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши утревечер.
Деновиве со механизација и рачно се чисти коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.
Во акцијата се вклучени луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта”- Скопје.

