Спорт
Мурињо: Нема подобар од феноменот Роналдо
Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо нема дилема кој е најдриот фудбалер во историјата. Мурињо на пиедесталот не ги поставил ни Пеле, ни Марадона, ниту пак Кристијано Роналдо и Лионел Меси. За него најдобар на сите времиња е Бразилецот Роналдо.
Мурињо во разговор за „Live Score“ бил запрашан које најдобриот во историјата Кристијано Роналдо или Меси?
„Најдобар играч во историјата е Роналдо. Бразилскиот феномен“, рекол тренерот на Тотенхем.
„Меси и Крситијано имаат подолги кариери на врвот се 15 години. Меѓутоа доколку зборуваме само за талентот и способностите никој не може да го надмине Бразилецот Роналдо.
Мурињо во сезоната 1996/97 во Барселона имал можност да соработува со Роналдо. Во тој период Мурињо му бил преведувач на тренерот Боби Робсон.
„Тогаш ми стана јасно дека е Роналдо најдобар играч. За жал повредите влијаеа врз неговата кариера, но талентот што го имаше тогаш како 19 годишник беше неверојатен“, заклучил Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баер со триумф во Купот стави точка на неверојатната сезона
Баер Леверкузен е победник на Купот на Германија за сезоната 2023/2024. и освојувач на „двојната круна“ во германскиот фудбал, откако претходно на доминантен начин ја освои и Бундес лигата.
Избраниците на Чаби Алонсо беа подобри од второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин со 1:0.
Ова беше петто финале за „фармацевтите“ и втора титула во Купот, прва по 1993 година.
Леверкузен ја комплетира чудесната сезона, која во сите натпреварувања ја заврши со еден пораз. Баер одигра 53 натпревари во сите конкуренции и загуби само еднаш, во средата од Аталанта во финалето, во Лига Европа.
Победата во финалето против Кајзерслаутерн ја изборија со голот на Џака во 16.минута, а потоа покажаа квалитет кога успеаја да ја одбранат бидејќи од 44.минута играа со фудбалер помалку на теренот.
Спорт
Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место да освојувам трофеи
Манчестер јунајтед го освои ФА Купот откако во големото финале на Вембли го совлада Манчестер сити со 2:1. За Јунајтед ова е прв триумф во ФА купот по 2016 година, вкупно 13. во клупската историја.
Ерик Тен Хаг, го освои првиот тофеј како менаџер на Манчестер јунајтед. И покрај победата во ФА купот не е сигурно дека Холанѓанецот и наредната сезона ќе биде менаџер на Јунајтед. го коментираше натпреварот.
„Ако Јунајтед повеќе не ме сака, ќе одам на друго место за да освојувам трофеи. Тоа е она што го правам цела моја кариера“, рече Тен Хаг.
Како можни наследници на Тен Хаг се споменуваат Киеран Мекена од Ипсвич Таун, Роберто Де Зерби кој неодамна објави дека го напушта Брајтон и Томас Тухел кој си замина од Баерн на крајот на сезоната.
Спорт
МЗТ ја одбрани шампионската титулата
Foto/ facebook.com/kkmztskopje
МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула, 11. титула во клупската историја. Финалната серија против Пелистер, МЗт ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, МЗТ вечерва победи во Битола со 78:67.
Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути.
По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23.минута ја стекна највисоката предност 50:43 и тука застана. МЗТ одговри со серија 11:0, минусот го претвори во плус од четири поени.
Во последната четвртина МЗТ му дозволи на Пелостер само два поени во првите шест минути игра, а кога Баковиќ со две тројки ја крена разликата на 16 поени беше јасно дека МЗТ ќе ја одбрани титулата.
Најефикасни во тимот на МЗТ беа Баковиќ и Гилон со по 15 поени, 11 кошеви постигнаа Делалиќ и Петков. Пелистер го предводеа Мијовиќ и Костоски со по 19 поени.