Црна хроника
Рубинчо Заревски доби условна казна
Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Рубинчо Заревски и уште шестмината обвинети од Фондот за здравство добија условни казни.
Заревски и второобвинетиот, претседател на Комисијата за спроведување на постапка за јавни набавки за потребите на Фондот, нема да ја одлежат двегодишната казна затвор, доколу не сторат кривично дело во рок од пет години.
Oстанатите петмина не треба да направат кривично дело во следните три години. Обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата во износ од повеќе од 2 милиони денари.
Заревски се товари дека во 2006 година при тендер за набавка на потрошен медицински материјал, го избрале понеповолниот понудувач и платил поскапи производи, додека останатите осудени изготвиле ранг листа на понудувачите, во која бодирањето и рангирањето го извршиле неправилно, спротивно на Законот за јавни набавки, со кои дејствија со реализација на договорот за набавка на правното лице прибавиле значителна имотна корист во износ од повеќе од два милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

