Црна хроника
Спречен обид за нелегално изнесување на 37.600 илјади швајцарски франци
Царинските службеници на ЦИ Блаце во вторник спречија обид за нелегално изнесување на 37.600 илјади швајцарски франци од земјата.
Вечерта во вторник околу 20:15 часот за излез од Македонија се пријави автомобил со косовски регистарски ознаки. Прашани дали имаат да пријават нешто за царинска контрола, возачот и патниците во возилото одговориле негативно. При извршен преглед и претрес на багажот и возилото не се утврдени неправилности.
Царинскиот службеник ги праша лицата колку девизи носат со себе, на што еден од сопатниците, косовски државјанин, одговори дека има 5.000 швајцарски франци. Поради сомневање во изјавата, царинскиот службеник изврши личен претрес на сите патници, при што кај лицето кое пријави 5.000 франци, во внатрешниот џеб од јакната пронајде коверт со вкупно 50 илјади непријавени швајцарски франци.
Во текот на службениот разговор, а со цел да утврди потеклото на девизните средства, прекршителот изјави дека парите му ги дал брат му кој во Швајцарија поседува фирма за исплата на плати на косовски државјани кои работеле за него.
Законот за девизно работење предвидува дека нерезиденти можат слободно да изнесат девизни средства и чекови во висина од 10 илјади евра, а секој износ над овој е забранет, па согласно тоа на лицето му се вратени 12.400 швајцарски франци (противредност од 10.000 евра), додека 37.600 се одземени.
Против лицето е поведена прекршочна постапка. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.