Спорт
Докторката Маријана му возврати на Диего Коста

Диего Коста, напаѓачот на Атлетико Мадрид, во интервју за ЕСПН се потсетил на случувањата од 2014 година кога во финишот на сезоната повредата ја лекувал кај докторката Маријана Ковачевиќ.
Бразилецот со шпански пасош се кае за тој свој потег. Во интервјуто открил дека бил незадоволен од она што го видел. Конечниот епилог беше дека Диего Коста во финалето на Лигата на шампионите одигра само десет минути.
По интервјуто на Диего Коста, се огласи и докторката Ковачевиќ. Таа за „Вечерње новости“ го демантира напаѓачот на Атлетико со остра порака.
„Нема да се расправам со некој што бара разни причини за својата кариера, која не е онаква како што тој би сакал. Нека пишуваат што сакаат, но како јас можам да му бидам виновна на човекот што од 2014 година не игра добро“.
Диего Коста во 2014 бил на терапија во Белград со коњска плацента и електрошокови
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бока јуниорс не успеа да ги победи аматерите од Окленд

Фудбалерите на Окленд Сити направија огромен подвиг на Светското клупско првенство. Единствениот аматерски тим на клупскиот Мундијал успеа да ремизира со аргентинскиот великан Бока Јуниорс (1:1). Овој натпревар беше последен за двете екипи на првенството, од Ц групата во осминафиналето се пласираа Бенфика и Баерн.
Многумина ги потценија Новозеланѓаните откако примија 16 гола во два натпревари против Баерн и Бенфика, но против легендарниот аргентински клуб покажаа дека не дојдоа во САД залудно.
Не започнаа добро за нив во Нешвил. Успеаја да ги држат почетните 0:0 до 23-та минута.
Лаутаро ди Лоло шутираше со глава, а голманот Жеру, со несмасна реакција, ја одби топката во сопствената мрежа.
Автоголот на голманот на претставникот на Нов Зеланд беше единствениот гол во првите 45 минути, а веднаш по почетокот на второто полувреме се случи момент за историја на фдбалот во Нов Зеланд.
Кристијан Греј, дефанзивецот на Окленд, најдобро се снајде по корнерот во 52-та минута и го постигна првиот гол за тимот во ова натпреварување, кој им го донесе и првиот бод.
Следеше уште еден прекин поради лошо време, а по враќањето, Бока успеа повторно да ја затресе мрежата преку Мерентиел, голот кој беше поништен поради претходно играње со рака.
Спорт
Шортс му ја донесе историската прва титула на Париз

Кошаркарите на Париз се шампиони на Франција за сезоната 2024/25, откако ја добија серијата против Монако со 3:2. Во мајсторката Париз славеа победа 99:93.
Екипата на Тијаго Сплитер славеше во првите два натпревари, а потоа Монако успеа да возврати и да избори мајсторка.
Париз го отвори натпреварот подобро, а благодарение на серијата на почетокот на вториот период, таа достигна максимални +17.
Монако успеа да фати приклучок пред крајот на полувремето и дуеи да стекне предност во третата четвртина.
Сепак, натпреварот беше решен во неизвесна завршница.
Париз главно се потпираше на одличната бековска линија. Плејмејкерот Ти Џеј Шортс повторно беше нерешлива енигма за Монако во клучните моменти доби поддршката од Надир Хифи, додека Алфа Дијало, Џордан Лојд, Ели Окобо и Тери Тарпеј го предводеа Монако.
Хифи погоди важна тројка за 94:91, а потоа во финишот по асистенцијата од Шортс го реши прашањето за победникот.
Шортс го предводеше победникот со 27 поени, 10 асистенции и 7 скока. Се истакнаа и Хифи со 16 поени и крилниот играч Тајсон Ворд со 11 поени и 7 скока.
Во тимот на Монако, блескаше Дијало со 18 поени, 6 скока и 3 асистенции, Џордан Лојд, постигна еден поен помалку, додека Тарпи го заврши натпреварот со 16 поени, 7 скока и 3 украдени топки.
Спорт
(Видео) Бенфика прв пат во историјата го победи Баерн и го освои првото место во Ц групата

Бенфика го победи Баерн со 1:0 и го освои првото место во Ц групата на клупскиот Мундијал. Натпреварот во Шарлот се одигра во нехумани услови, на температура од речиси 40 степени Целсиусови. Клубот од Лисабон во 14.меѓусебен дуел успеа да го победи Баерн.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Андреас Шлердуп во 13-та минута од натпреварот.
Репрезентативецот на Норвешка одлично се позиционираше и по остриот центаршут на Аурсенс и го совлада Мануел Нојер со шут во долниот агол.
Винсент Компани реши малку да го освежи својот тим пред натпреварот Хари Кејн, Мајкл Олисе, Јошуа Кимих и Џамал Мусијала останаа на клупата. Без нив Баварците беа безопсни во нападот во рпвиот дел.
Се се смени со влегувањето на францускиот крилен напаѓач. Вторите 45 минути им припаднаа целосно на Баварците. Шансите се редеа, голот на Кимих го поништи ВАР, Лајмер ја погоди стативата, а Сане промашуваше од сите можни позиции.
Талентираниот голман Анатолиј Турбин брилијантно го бранеше голот на Бенфика, ја заслужи наградата за играч на натпреварот.
„Орлите“ од Лисабон ја забележаа првата победа против Баерн во својата историја. Од 1976 година до денес, одиграа 13 натпревари, имаа 10 порази и три нерешени резултати.