Црна хроника
Возило удри во мопед, повредено 16-годишено момче
Вчера, во 17.47 часот било пријавено дека во Куманово, на улицата Драган Стопаревиќ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р. С. (47) од Куманово, и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник.
Во незгодата возачот на мопедот добил тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведено лице од Битола барано со потерница
Денеска во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода С.Р.(31) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
Лицето, како што соопшти полицијата, ќе биде спроведено во казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Малолетници се степале во автобус на ЈСП
Денеска во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет.
Според МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен малолетник: со нож повредил друг малолетник во скопски Карпош
Вчера во 12.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане, скопско, поради сомнение дека околу 07.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, со остар предмет нападнал малолетник од с.Семениште, скопско, и му нанел убодна рана.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.