Црна хроника
Дадилка наместо да го чува, малтретирала деветмесечно бебе

Дадилка која била ангажирана да чува деветмесечно бебе во Скопје, наместо да го чува, го малтретирала.
Обвинителството донесе наредба за спроведување на истражна постапка и до Основниот суд поднесе предлог за определување на мерка притвор поради постоење на опасност од повторување на делото.Родителите на бебето ја ангажирале дадилката да го чува и негува деветмесечното бебе. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано сомнение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е определена казна затвор од една до десет години./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет во судир со автомобил

Вчера вечер во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен вработен во Здравствениот дом – Берово, кај него пронајдена дрога

Вчера околу 22 часот на улицата „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен 29-годишниот Б.Р. од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.