Топ
Еден починат и двајца тешко повредени во сообраќајна незгода на патот Кичево – Гостивар

Во утринските часови на 29 април во полиција било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар се случила сообраќајна незгода, во која има и една жртва и двајца тешко повредени.
Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила на влезот во селото Зајас, а во неа учествувале „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од 22-годишник од селото Србица, автомобил „сеат алхамбра“, со кичевскарегистарски ознаки, управуван од 63-годишник од Кичево, и „форд ескорт“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 23-годишник од селото Горно Строгомиште.
Во незгодата починал 54-годишник од Горно Строгомиште, сопатник во „фордот“. Тешки повреди добиле возачите на возилата „форд“ и „сеат“ по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кичево за укажување лекарска помош.
На местото бил извршен увид од екипа од Полициската станица Кичево во присуство на јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска со пожарот што избувна во Трубарево, а за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
Станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две фирми, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во правно лице. Воедно се испитува потенцијалната одговорност и на други лица.
Во текот на денот јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање докази, по кои сè уште постапуваат надлежните органи. Се очекуваат и резултатите од мерењата на загадувањето што ги спроведува Министерството за животна средина.
Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.