Спорт
Евролигата ќе заврши во Белград, Атина или Каунас
Кошаркарската Евролига веројатно нема да ја продолжи кошаркарската сезона. Реална опција е да се одигра завршен турнир по кој ќе биде познат шампионот.
Планот на првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу и неговите соработници е да се одигра турнир во еден град на кој би играле првопласираните осум екипи на табелата.
За организација на турнирот се јавиле три града Каунас, Атина и Белград. Градоначалникот на Белград синоќа потврдил дека градот испратил кандидатура, додека Евролигата ги контактирала сопствениците на арените „ОАКА“ и „Мири и Пријателство“ како и газдите на салите во кои своите натпревари ги играат Маруси и Перистери.
Евролигата има план сезоната да биде комплетирана во перидот од 4 до 26 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џенова и Јувентус ќе играат пред празни трибини
Утрешниот натпревар меѓу Џенова и Јувентус, на „Луиџи Ферарис“ стадионот ќе се одигра без присуство на публика. Натпреварот од шестото коло во Серија А ќе започне во 18 часот.
Џенова, пред два дена во 1/16 финалето на италијанскиот Куп играше против градскиот ривал Сампдорија. По 1:1 во 90 минути, Сампдорија победи по изведувањето на пенали.
Серизни инциденти се случија и на стадионот но и надвор од него. Во пресметките меѓу хулиганите беа повредени повеќе од 38 лица, меѓу кои и полицајци.
Фудбалската федерација на Италија експресно реагираше, ја казни Џенова, која ќе мора еден натпревар да одигра пред празни трибини.
Паоло Кортис, претседател на Националната опсерваторија за национални спортски настани, предупреди во интервју објавено во петокот дека мерките преземени против Џенова треба да „испратат сигнал“ до другите клубови и нивните навивачи.
Спорт
„Таков играч не може да биде проблем“
Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли проговори на актуелната тема во клубот, лошата форма во кој се наоѓа напаѓачот Душан Влаховиќ.
Пред неколку дена се појави информација дека Јувентус сака да му ја намали платата, кој Влаховиќ и неговиот менаџер го одбиле.
Поради сето ова се огласи директорот на „Старата дама“, убеден дека ќе се најде компромисно решение со српскиот играч.
„Што се однесува до иднината на Душан, тука нема проблем. Наскоро ќе седнеме и ќе најдеме решение. Играч како Влаховиќ никогаш не може да биде проблем. Целта е нов договор и ќе успееме. Тој е играч кој вреди многу и заработува многу, тоа е предност за нас“, изјави Џунтоли.
Јувентус не постигна гол на последните три натпревари во Серија А, па поради ова јавноста најмногу го критикува Влаховиќ.
Спорт
Кајли Мекион го собори светскиот рекорд на 100 грбно
Кајли Мекион го собори светскиот рекорд на 100 метри грбно во мали базени (25 метри) на австралиското државно првенство.
Актуелната олимписка шампион на 100 и 200 грбно победи со резултат 54.56 секунди и за 33 стотинки го собори рекордот на нејзината сонародничка Мина Атертон.
По Олимпијадата во Париз, каде што освои злато на 100 и 200 метри, 23-годишната Мекион рече дека и е здодевно да седи дома и се пријавила за националните првенства во Аделаида.
Кајли веќе се квалификуваше за Светското првенство во мали базени во Будимпешта во декември благодарение на нејзините олимписки победи, но рече дека се уште не е сигурна дали ќе плива во главниот град на Унгарија.