Црна хроника
Седум лица обвинети за кражбите во Музејот на Македонија

Седум лица се обвинети за кражбите на артефакти со непроценлива вредност во Музејот на Македонија што беа откриени во ноември, минатата година.
Со обвинителниот акт поднесен до Основниот суд Скопје 1 седум лица се обвинети за сторени кривични дела: „Отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост”, „Несовесно работење во службата” и „Злоупотреба на службената положба и овластување”.
Како што соопшти Основниот Суд Скопје 1 во средата, обвинителниот акт е доставен на разгледување кај Совет за оценка на обвинителен акт при овој суд. На предлог на Јавното обвинителство, Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1, донесе решение според кое притворот на обвинетите се продолжува за 30 дена.
По оценувањето на обвинителниот акт, доколку биде одобрен, предметот ќе биде распределен кај судечки совет кој ќе закаже главна расправа.
Меѓу обвинетите за кражбите во Музејот се и сегашниот директор и работени во Музејот и еден златар. Меѓу нив не е поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, кој беше осомничен, а на кого во моментот му се суди во процесот “Фаланга”.
Кражбата на артефакти од депото на Музејот на Македонија беше откриена во ноември минатата година, а МВР утврди дека недостасуваат околу 160 артефакти со непроценлива вредност.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
24-годишник осомничен за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот. Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата во Аеродром

Семејна кавга во Аеродром заврши со физички напад.
На 4 септември во вечерните часови, 23-годишен маж од скопско село, кој е во постапка на развод со својата сопруга ги нападнал нејзиниот 70-годишнен татко и братот во семејниот дом.
Нападот, според пријавата, бил извршен со употреба на тврд предмет.
Црна хроника
Тројца скопјани се степале на паркинг по конфликт во сообраќајот

Насилство во Ѓорче Петров е регистрирано во полицискиот билтен.
Приведени се тројца скопјани, И.К.(55), М.И.(40) и С.А.(30), сите од Скопје, кои се степале на паркинг простор во текот на вчерашниот ден.
На тепачката, според информацијата од МВР, претходело недоразбирање во сообраќајот.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.