Спорт
Промашување на векот! „Адидас“ не бил заинтересиран за Мајкл Џордан

Името на НБА-легендата Мајкл Џордан вечно ќе биде поврзано со американскиот производител на спортска опрема „Најки“, меѓутоа тој лично вели дека историјата би била поинаква ако германскиот гигант „Адидас“ покажел малку интерес за него.
Во петтата епизода од документарната серија „Последниот танц“, Џордан открива дека не бил многу заинтересиран за состанок со шефовите на „Најки“ бидејќи имал намера да поптише за славниот бренд со три ленти – „Адидас“. На крајот инсистирањето на мајка му било клучно и „Најки“ го направи нивен спортист број 1 преку револуционерната едиција Air Jordan.
„Мојата мајка ми кажа: ’Ќе слушаш. Можеби нема да ти се допаѓа, но ќе одиш таму и ќе слушаш’. Таа ме натера да се качам на тој авион и да слушнам“, вели Џордан.
Тој признава дека би сакал да игра со „трите ленти“ бидејќи во тој период „Адидас“ бил премиум-брендот, но шефовите во германската компанија не сметале дека тој е погоден за нивниот бренд и му кажале дека нема да биде нивен број 1 и дека нема да има сопствена едиција на патики. Уште еден голем бренд, „Конверс“, исто така не бил заинтересиран да го направи Џордан број 1.
„Отидов таму и иако не сакав да бидам таму, ’Најки’ направи голем проект. Мојот татко ми рече: ’Треба да си луд да не го прифатиш ова’“, објаснува Џордан.
За „Најки“, ова исто така беше фантастичен потег – со Џордан како нивен број 1 тој ги надмина сите очекувања – во првите 4 години очекуваше продажба од 3 милиони долари, а оствари 126 милиони долари во првата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Арсенал избегна пораз на „Олд Трафорд“ и се оддалечи од борбата за титулата

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1:1 во 29.коло во Премиер лигата. Резултатот во дербито веројатно ги реши сите дилеми околу шампионската титула. Ливерпул на првото место со натпревар повеќе има 15 поени повеќе од Арсенал.
Многумина ги отпишаа „црвените ѓаволи“ во пресрет на овој натпревар, но избраниците на Рубен Аморим изгледаа навистина добро и имаа повеќе можности за гол од своите ривали.
Давид Раја и покрај тоа што прими гол од слободен удар, го спаси Арсенал од пораз . Јунајтед во втроиот дел не искористи неколку одлични шанси за домашните.
„Црвените ѓаволи“ водеа од втората минута, од судиското надополнување на времето во првиот дел, кога Бруно Фернандеш, во стил на Дејвид Бекам, постигна гол од 23 метри.
Арсенал изедначи со голот на Деклан Рајс во 74.минута.
BRUNO FERNANDES BEST PLAYER IN THE WORLD!!!!!!! ARE YOU MADD!!!!!!
— AB⚕ (@AbsoluteBruno) March 9, 2025
Спорт
(Видео) Реал го победи Рајо, повторно го скокна Атлетико на табелата

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано во 27. коло од Ла Лига.
„Врие“ во борбата за трофејот во шпанското првенство, моментално Реал Мадрид и Барселона имаат по 57 бода, Атлетико бод помалку.
Ова се случи по победата на Реал над Рајо Ваљекано (2:1) во 27.коло, а Барселона има меч помалку откако им беше одложен дуелот со Осасуна.
Реал уште во првото полувреме го трасираше патот до триумфот. Првиот гол го постигна Килијан Мбапе во 30. минута, додека Винисиус четири минути подоцна ја удвои предноста на „кралскиот клуб“.
Стрелец на единствениот гол за Рајко Ваљекано беше Дијаз во судиското надополнување на првото полувреме, а бидејќи во вториот дел немаше голови, Реал Мадрид ги освои трите бода.
Спорт
(Видео) Кукуреља ги скрати маките на Челси, Тотенхем се спаси од пораз против Борнмут

Челси со тешка мака го победи Лестер (1:0), а Тотенхем успеа да се спаси од пораз против Борнмут (2:2), во 28.коло, во Премиер лигата на Англија.
Челси мака мачеше во дуелот со еден од најлошите тимови во Англија. „Сините“ не искористија пенал во 22.минута, Кол Палмер не успеа да погоди. Отпорот на гостите го скрши Марк Кукуреља по еден час игра.
Челси со овој триумф скона на четвртото место на табелата со 49 бода, два повеќе од Манчестер сити.
Вториот натпревар, одигран во истиот термин во Лондон беше многу поинтересен, немаше победник во пресметката меѓу Тотенхем и Бурнемаут, 2:2.
Гостите долго ќе жалат за триумфот, кој значително ќе им ги подобрише шансите за настап во Европа следната сезона. Имаа предност од два гола, но…
Таверние го доведе Борнмаут во водство по асистенција на унгарскиот интернационалец Милош Керкез во 42. минута. Еванилсон ја удвои предноста во 65. минута.
Сепак, играчите на тотенхем не се откажаа. Сар им ја врати надежта, постигнувајќи гол само две минути подоцна, а потоа Сон од пенал во 84. минута го постави конелниот резултат.