Спорт
„Амиен“ бара Лига 1 да ги преиспита одлуките

Фудбалскиот клуб „Амиен“ побарал од француската Лига 1 да биде преиспитана одлуката за испаѓање од елитната дивизија откако првенството заврши поради пандемијата на коронавирусот.
„Амиен“ соопшти дека најправедно ќе биде наредната сезона во Лига 1 да се натпреваруваат 22 екипи. Клубот ги повика своите навивачи и сите фудбалски фанови да ја поддржат нивната иницијатива која би овозможила „спортот и фудбалот да растат“.
Во моментот кога е прекината сезоната во Лига 1, „Амиен“ се наоѓаше на претпоследното место со четири помалку од Ним, кој остана во лигата. Првенството во Франција е прекинато на десет кола до крајот.
Сезоната во Франција по барање на владата е прекината минатата недела, покрај „Амиен“, од Лига 1 испадна и Тулуз, додека од Лига 2 во елитата ќе влезат „Ленс“ и „Лориен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Винисиус ќе остане во Реал

Понудата од неименуван саудиски клуб од една милијарда евра за Винисиус Жуниор е повлечена, бидејќи Реал Мадрид планира да склучи нов договор за својата ѕвезда, пишуваат шпанските медиуми.
Бразилецот е една од главните цели на Саудиската професионална лига, која сака да привлече уште поголем број мега поларни фудбалери на Блискиот Исток.
Винисиус има договор со Реал до 2027 година, но разговорите за продолжување наводно се заглавени, бидејќи тој сака да стане најплатен играч во клубот.
Според неколку извори, Саудијците биле подготвени да му платат на Реал 350.000.000 евра отштета, а на Винисиус договор од една милијарда евра за пет години, што би бил убедливо најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Според „АС“, петгодишниот договор вреден една милијарда евра е повлечен, иако интересот на Саудијците би можел да оживее во иднина.
Се верува дека разговорите меѓу Винисиус и Реал ќе се обноват во 2026 година, а Бразилецот претходно изјави дека неговата цел е да остане во клубот.
Реал веќе го препозна и го вклучи во групата капитени за следната сезона. Главен капитен ќе биде Дани Карвахал, но тој повеќе негов заменик е Феде Валверде, трет на листата е Тибо Куртоа, а четврти е Винисиус.
Foto/ EPA
Спорт
Доминација на Маркез во Брно

Марк Маркез ја продолжи доминацијата во кралската класа во Мото Гп шампионатот. Шпанецот во Брно, ја освои Големата награда на Чешка. Маркез ја забележа 96.победа во кариерата, а во Брно по 70.пат победи во кралската класа. Маркез стана првиот возач во историјата на Дукати со пет последовни победи.
На патеката во Брно, Маркез запиша рутинска победа, откако во осмиот круг успеа да го мине Марко Бецеки. Италијанецот, возач на Априлија, имаше брилијантен старт, од четвртото се проби на првото место, но против Маркез не можеше да се одбрани.
Големо задоволство по трката има и во таборот на КТМ. Нивниот возач Педро Акоста трката ја заврши на третото место. Ова е прв пласман на подиумот за него оваа сезона.
Разочара уште еднаш Франческо Бањаја. Трката ја започна од пол-позицијата, експресно ја загуби битката со конкурентите и не можеше подобро од четвртата позиција.
Зад Бањаја завршија Раул Фернандез, Фабио Квартараро и актуелниот првак Хорхе Мартин кој се врати по долгата пауза. За Мартин ова беше втората трка сезонава и први поени.
Foto/ EPA
Спорт
Ламин Јамал руши рекорди – Барселона инкасира милиони од продажба на дресови

Младиот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, не престанува да привлекува внимание – и на теренот и надвор од него. Откако неодамна го продолжи договорот со каталонскиот гигант, Јамал го промени и бројот на дресот – наместо 19, отсега ќе ја носи легендарната „десетка“.
Оваа промена предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите, па клубот за само 24 часа продаде дури 70.000 дресови со името на Јамал и бројот 10, поставувајќи нов историски рекорд по дневна продажба. Според шпанскиот медиум COPE, од оваа продажба Барселона инкасирала околу 10 милиони евра.
Дресовите се испратени во повеќе од 170 земји низ светот, а комерцијалниот успех значително ги надмина очекувањата на клубот. Новиот рекорд ја надмина дури и продажбата на дресови кога клубот ги промовираше Лионел Меси и Нејмар како свои играчи.
Јамал, кој е роден во 2007 година, лани настапи на 35 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи 9 голови и остварувајќи 13 асистенции. Со само 17 години, тој веќе е препознат како идниот носител на Барселона.
Барселона ја почнува сезоната со нова надеж – и нова ѕвезда, чијшто дрес веќе е моден хит на глобално ниво.