Топ
Обвинение за убиството во Тафталиџе
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против едно лице за убиство и за обид за убиство, како и за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот на 20 декември со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот со употреба на пиштол марка ‘чешка збројовка’ VZOR 50 со калибар 7,65 мм, кој го поседувал без дозвола.
Оштетените татко и син на критичниот ден дошле пред дуќанот на обвинетиот на улица Московска и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања. Тој без да отклучи го извадил пиштолот што го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па обвинетиот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и со пиштолот започнал да пука кон нив. Притоа на еден од оштетените му нанел пет огнострелни повреди во градниот кош, стомакот и десната подлактница. Како резултат на повредите кај лицето дошло до нагло губење големо количество крв и тој починал на лице место. Другиот оштетен се здобил со тешки телесни повреди“, соопшти Обвинителството.
До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму опстојуваат основите заради кои оваа мерка беше првично одредена – опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело или да го доврши кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.
Македонија
(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите.
„Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во дополнителни три, тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Очекуваме конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мал број на гласови“, кажа претседателот на СДСМ.
Тој упати честитка до сите градоначалници од сите политички партии.
Филипче информираше дека во изминатите две недели, пред вториот круг на изборите, се вршел огромен притисок на сите кандидати од СДСМ во 17 општини кадешто влегле во вториот круг.
„Не се бираа ниту средства, ниту методи, тоа само говори дека се соочуваме со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото“, изјави Филипче.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, јасно е какви промени треба да се направат, а следните денови тоа ќе се случи“, додаде претседателот на СДСМ.

