Спорт
Насри: Сампаоли ме оставаше да се пијанам во Севилја
Контроверзниот Самир Насри вели дека имал огромна слобода како фудбалер на Севилја од поранешниот тренер Хорхе Сампаоли, кому не му било проблем да му дозволи на Французинот да излегува во ноќни клубови и да се пијани додека игра добро.
Насри имаше одлична сезона со Сампаоли во 2016/2017 по настапите за Арсенал и Манчестер сити предводејќи го тимот до обид за титулата пред да завршат на четвртото место. 32-годишниот Насри, кој сега е фудбалер на Андерлехт во Белгија (од каде што неодамна изјавија дека не знаат каде е избеган), во интервју открива дека имал одлични односи со Сампаоли.
„Имав вистинска пријателска врска со Сампаоли, кој беше повеќе пријател отколку тренер. Тој ме сакаше толку многу што ми кажа: ’Дојди, можеш да пиеш, да излегуваш, да правиш што сакаш, јас ќе те покривам. Само сакам да играш добро’. Еден викенд не можев да играм и сакав да одам дома и да го видам семејството и тој се понуди да ми ги чува куќата и кучето“, вели Насри.
Тогаш работите тргнаа наопаку за Насри кога беше на третман со инфузија во клиника во Лос Анџелес поради што тој доби 18-месечна суспензија за прекршување на антидопинг-правилата.
„Тоа ми ја уништи сезоната. Се работеше за инјекција со витамини, која беше легална и за која имав рецепт, но клиниката ми даде преголема доза. Бев уништен и не сакав да играм по тоа. Бев загубен“, открива Насри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

