Регион
Босански дипломат уапсен за криумчарење луѓе

Босанскохерцеговски дипломат на служба во амбасадата на оваа земја во француската престолнина Париз, е уапсен во Сараево и е осомничен дека бил вмешан во организиран криминал и криумчарење луѓе, потврди Обвинителството на БиХ кои ја води истрагата.
Апсењето на дипломатот е спроведено во рамките на заедничките операции кои ги спроведуваат полициите и правосудните органи на БиХ и на Франција, под директен надзор на државниот обвинител на БиХ и главниот државен обвинител на Париз.Кон крајот на јуни во рамките на операција под кодниот назив „CD“ во БиХ и во Франција се уапсени десетици осомничени за организиран криминал и трговија со луѓе поради работна експлоатација, кражби и питање на територијата на Франција. Само во БиХ се уапсени седум лица кои во 2012 година организирале заминување на жени и малолетни деца во Франција, каде што со закани, уцени, злоставувања, изнуди и заплашувања ги терале на џебни кражби и други форми на уличен криминал. Со ваквите активности, осомничените дошле до сума поголема од два милиона евра.Обвинителството на БиХ во истрагата утврдило дека дел од таа мрежа бил и конзулот советник во амбасадата на земјата во Франција. Тој учествувал во незаконските активности кои се однесувале на издавање документи и овозможување патувања и престој на поголем број лица, главно од ромска националност од територијата на БиХ, поради извршување кривични дела во Франција. Според засега достапните информации на истрагата, босанскиот дипломат на припадниците на организираната криминална група има издавал патни листови за жртвите на трговијата со луѓе. За услугите наплатувал од 500 до 1.200 евра./крај/мф/сн
Извор: ONASA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.