Спорт
Помина планот на Ѓоковиќ – 6.000.000 долари за помош на најзагрозените
Водечките тениски организации потврдија дека финансиски ќе им помогнат на сите послабо рангирани тенисери и тенисерки. Кампањата да им се помогне имаат проблеми со финансиите поради пандемијата на коронавирусот ја покрена најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ.
Во фондот за помош ќе има шест милиони долари. Овие пари ќе бидат распределени на сметките на околу 800 тенисери и тенисерки од АТП и ВТА.
Програмата за финансика помош ја поддржале АТП, ВТА, ИТФ и челниците на четирите Гренд слем турнири.
Парите ќе бидат распределени според пласманот на ранг-листите и според она што тенисерите и тенисерките претходно го заработиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем
Договорот конечно е постигнат по неколку средби, Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем, пренесуваат англиските медиуми.
Пред еден месец беше познато дека шпанскиот стручњак преговара со клубот од Лондон, но договорот не беше постигнат уште во првиот обид, па следуваа уште две средби.
Се уште не е познато за колку долго ќе биде потпишан договорот, но во медиумите се шпекулира дека ќе биде на две или три години.
Вест Хем моментално е на деветтото место во Премиер лигата со кое не може да се задоволи, а кога почна да бележи лоши резултати стана јасно дека менаџерот Дејвид Мојс ќе добие отказ, па почнаа шпекулациите за неговиот наследник.
Што се однесува до Лопетеги, тој досега работеше како тренер на Севиља, Реал Мадрид, Вулверхемптон, но беше селектор и на шпанската репрезентација.
Спорт
Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј
Тројца фудбалери на Олимпик Марсеј биле нападнати утрово во 3 часот по враќањето од Ле Авр, каде тимот го одигра последниот натпревар во сезоната, во Лига 1. Марсеј победи со 2.1 но не успеа да избори пласман во европските купови.
Како што јави „Европа 1“, жртви на напдто биле Фарис Мумбања, Жан Онана и Бамо Меите. Група разбојници, им се заканиле со пиштоли и се обиделе да ги украдат нинвите автомобили.
Драмата, кулминирала кога кон фудбалерите биле испукани неколку куршуми додека тие се обидувале да избегаат. Во еден од автомобилите два куршуми завршиле во врата на возачот, а во вториот куршум бил испукан во багажникот.
23-годишниот Мумбања е напаѓач од Камерун кој на почетокот на годината дојде од Норвешка, Меите е стопер од Брегот на Слоновата Коска, а Онана е Камерунец кој игра на позицијата заден играч за врска. Тој дојде во Марсеј на позајмица од Бешикташ.
Спорт
Брест не може на својот стадион да биде домаќин во ЛШ
Најголемото изненадување во Франција, Брест, кој како трет во француското првенство директно се пласираше во Лигата на шампионите, европските натпревари ќе ги игра на стадионот „Стад де Рудуру“ во Генгамп, најави градоначалникот на Брест, Франсоа Куиландре. Иако во игра беше и „Роажон парк“ во Рен, Куиландре истакна дека Рудуру е „најблискиот стадион до Брест“.
„Жал ми е што не е во Ле-Бле, но исто така ја зајакнува нашата идеја за изградба на нов стадион“, додаде тој.
„Стад Франсис-Ле-Блеу“, каде Брест игра во Лига 1, не ги исполнува стандардите што ги бара УЕФА за натпревари од Лигата на шампионите, особено затоа што три од неговите четири трибини се цевчести структури, што е забрането со континенталните прописи.
По техничкиот преглед на крајот на април, УЕФА го извести Брест дека, доколку не се изведат градежни работи, ќе им дозволи да играат на совјот стадион но тогаш капацитетот би бил само 5.000 места.
Брест мора да ја извести УЕФА до 22 мај каде ќе биде домаќин.
Брест пред неколку години започна проект за изградба на нов стадион со 15.000 седишта, чија изградба е планирана за 2025 година и кој не треба да биде завршен пред 2027 година.