Спорт
Се враќа пензионираниот Робен

Аријан Робен (36) една година е пензионер, се повлече по завршувањето на сезоната 2018/2019 како играч на Баерн Минхен. 36 годишниот Холанѓанец изјавил дека е можно да ја прекине пензијата. На медиумите им открил дека добил понуда од Бразил.
„Робен е мојот идол, беше сјајен фудбалер. Секогаш постои некаков ризик кога подолго време не сте играле фудбал, но и покрај тоа ние сме во постојан контакт. Тој беше задоволен од мојата понуда“, рекол претседателот на фудбалскиот клуб Ботафого од Рио де Жанеиро, Рикардо Ротенберг.
Покрај Робен претседателот на Ботафого во клубот сака да ги донесе Јаја Туре и Џон Оби Микел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Германскиот тенисер Саша Зверев се надева дека Новак Ѓоковиќ еден ден ќе му биде тренер.
Пред некое време, Данил Медведев изјави дека слушнал оти Новак, кога ќе ја заврши кариерата, ќе го тренира Зверев.
На Мастерсот во Рим, на тенисерите им беше поставено прашањето – кого би сакале да видат за тренер.
Алекс де Минор, Холгер Руне, Стефанос Циципас го издвоија Новак, исто како и Зверев, кој одговори со насмевка.
„Кога ќе се пензионира, сигурно ќе ми биде тренер. Тоа е тоа“, вели Зверев.
Следеше констатција дека многумина би го посакале Новак на тоа место.
„Тој е мојот тренер. Потпишавме“, истакна Саша на шега.
Кој знае што носи иднината…
Djokovic might be on the hunt for a new coach. What he might not know is that most of his colleagues are on the hunt for HIM 👀#IBI25 pic.twitter.com/3Pb3RaEHlz
— Internazionali BNL d'Italia (@InteBNLdItalia) May 13, 2025
Спорт
(Видео) Минесота ги реши Вориорс, Бостон остана во игра

Минесота Тимбервулвс го победија Голден Стејт со 121:110 и ќе играат во финалето на Западната конференција втора сезона по ред. Минесота ја затвори серијата со вкупен резултат од 4:1 и сега го чека исходот од второто полуфинале помеѓу Оклахома и Денвер, каде што Тандер моментално водат со 3:2. На Истокот, актуелните шампиони Бостон Селтикс го намалија резултатот во серијата против Њујорк Никс на 2:3. Селтикс изминатата ноќ славеа убедливо со 127:102.
Во петтиот натпревар, уште еден во кој Вориорс беа без најдобриот играч, Стеф Кари, Тимбервулвс имаа доволно силни адути за триумф.
Џулиус Рендл ја предводеше „глутницата“ со 29 поени, Ентони Едвардс додаде 22, со 12 асистенции, Руди Гобер имаше 17 поени, Мајк Конли 16, Џејден МекДениелс 14, Донте ДиВиченцо 13.
Најдобриот меч во кариерата за Вориорс одигра Брендон Подзиемски беше залудна, натпреварот заврши со 29 поени (4/6 за три),
Џонатан Каминга исто така блескаше со 26 (11/23 од поле), меѓутоа, во отсуство на Стеф Кари, Вориорс едноставно не можеа да повеќе и подобро.
„Не сакам да ѝ одземам ништо од она што го постигнаа на Минесота. Нема смисла сега да зборуваме за Стеф Кари“, рече Стив Кер по натпреварот.
Селтикс, актуелните шампиони, славеа во петтиот натпревар на домашен терен (127:102) и со тоа намалија на 3:2 во победи.
Бостон долго ќе биде без Џејсон Тејтум, кој ја скина Ахиловата тетива пред два дена.
Дерик Вајт беше најефикасен со 34 поени. Џејлен Браун додаде 26 поени со 12 асистенции и осум скока, Пејтон Причард уфрли 17 поени, а Џру Холидеј имаше 14 поени и седум скока.
Кај Никс се истакна Џош Харт со 24 поени и седум скока, Џејлен Браун додаде 22 поени и шест асистенции, а Карл Ентони Таунс запиша 19 поени и осум скока.
Победникот од оваа серија, во финалето на Истокот ќе игра против Индијана Пејсерс.
Спорт
(Видео) Реал во 95.минута ја одложи промоцијата на Барселона во нов шампион

Фудбалерите на Барселона беа на помалку од една минута од тоа да станат нови шампиони на Шпанија веќе во среда навечер, иако не излегоа на теренот.
Откако славеа во „Ел Класико“, Каталонците беа на прагот да ја прослават 28-та шампионска титула, но благодарение на голот на Јакоб Рамон во 90+5. минута, сепак, ќе мора да почекаат до четврток и дуелот со градскиот ривал Еспањол за промоција.
Тимот на Карло Анчелоти ја победи Мајорка со 2:1 во 36-то коло на „Сантијаго Бернабеу“ и сега има четири бода помалку од Барселона.
Реал имаше 26 корнери, гостите ниту еден, но победија само во последните моменти од натпреварот… голманот на Мајорка Лео Роман блескаше со 11 одбрани.
Во 11.минута гостите од островот ги шокираа навивачите и играчите на Реал кога Валјент го совлада Куртоа.
Реал во „шарен“ состав доминираше, создаваше шанси, но и промашуваше. Сепак, во 68. минута, Килијан Мбапе со соло акција успеа да го најде пат до противничката мрежа. Тоа беше неговиот шести гол во последните четири натпревари во првенството, 28 во Ла Лига и односно 40. во неговата дебитантска сезона во дресот на Реал.
Прославата во Барселона беше во полн ек и се чекаше последниот свиреж на судијата Алберола на „Бернабеу“, но… 20-годишниот Рамон го постигна првиот гол во сезоната во својот втор натпревар во Реал.