Топ
Доживотна казна затвор за тројното убиство во Дебар

По поднесен обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар и завршување на главната расправа, Основниот суд во Гостивар донесе првостепена пресуда, со која ја осуди обвинетата Б. П. на доживотна казна затвор за тројното убиство во Дебар.
За еден од обвинетите помагачи е изречена затворска казна од 10 години, а за вториот е изменето кривичното дело, па по одлука на судот, постапката за овој обвинет ќе продолжи за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.
Гостиварското Обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети, кои го помагале извршувањето на убиството, па во тој дел од пресудата ќе биде поднесена жалба.
Доживотната казна затвор за тројното убиство следува по сеопфатна истражна постапка во која Обвинителството обезбеди докази, а со кои во тек на судењето докажа дека осудената, на 26.8.2018 година, во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол во калибар 7,65 мм, најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра.
Еден ден пред извршувањето на кривичното дело таа телефонски стапила во контакт со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми. По извршувањето на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде што се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје, од каде што со авион заминала за Република Италија, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во друго скопско село, тој извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Топ
Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.
Македонија
Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт.
Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А. Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело компјутерска измама.
Според информациите од МВР, А. Х., во периодот од 4.4.2025 до 13.6.2025, како одговорно лице на компанија што организира музички настани, преку веб-страница за продавање билети овозможил електронско купување билети за концерт што воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите.
Од МВР најавија дека продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и на целокупниот интернет-простор, со цел превенција од повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.